ВИДЕО(18+): Ужасни грешки при снимање на порно филмови

При снимањето на секој филм, нормално е актерите да направат по некоја грешка, па така [email protected] решија да ги почастат своите фанови, правејќи компилација од грешки при снимање на нивните филмови.

Сигурни сме дека ќе сакате да знаете како изгледа додека се снимаат филмови за возрасни.

Се гледа дева воопшто не е лесно.  [🙂]  Во продолжение погледнете го видеото.

Блек Лајвли откри зошто постојано носи одела

Актерката Блек Лајвли во последните неколку месеци посебно ја изненадува публиката со своите потези.

Откако го избришала Инстаграм профилот, се преправала дека го изневерува сопругот и објавувала необични загатки на својот Твитер профил, многумина се запрашале - зошто носи одела?

Имено, Блејк во последно време постојано ја гледаме во одела, а ништо поразлично не било ниту вчера, кога во Париз се појавила во строго сиво одело, со тенки бели линии и била закопчана до грло.

Изгледа дека Блејк сето ова го прави поради улогата. Имено, ова е прв пат Блејк да глуми социопатка, а не позитивен лик, кој на крајот секогаш победува. Токму поради тоа, Блејк одлучила целосно да се внесе во улогата, да ја пренесе и во својот реален живот и така уште повеќе да подигне прашина околу претстојниот филм.

Во оваа авантура Блејк имала целосна поддршка од својот сопруг и колега, кој заедно со неа ја толкувал улогата и помалку ги полуделе фановите од целиот свет.

Инаку, станува збор за филмот "A Simple Favor", кој вчера бил премиерно претставен во Париз.

(ВИДЕО) Жан Клод Ван Дам: Ја сакам Македонија, навистина ја сакам!

Ова видео е обајвено на профилот на манекенката Емилија Димитриевска, која пред неколку дена се врати од изборот за убавина организиран до „Фешн ТВ“ во Кемер.

Погледнете го видеото:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Emilija Dimitrievska Official (@dimitrievskaemilija) on

„Исцелител“ е македонски кандидат за „Оскар“

„Исцелител“, во режија на Ѓорче Ставрески, е македонски кандидат за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско подрачје.

Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско подрачје при Друштвото на филмски работници на Македонија, во состав на Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ – актерка, Амернис Нокшиќи – актерка, Горан Трајковски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематограф, донесе одлука филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески да биде национален кандидат на Македонија за оваа награда во 2019 година.

Одлуката е прифатена и одобрена од американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Во конкуренција за кандидатура беа и „Враќање“ на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши и „Здивот на агелот“ на Јани Бојаџи.

Популарно