Како Саша и Дејан Матиќ го изгубиле видот?

Саша и неговиот брат Дејан Матиќ со години владеат со српската естрада и со своите моќни вокали и хитови имаат милионска публика.

Браќата близнаци Саша и Дејан Матиќ се родени на 26 април 1978 година во Дрвар како здрави, но прерано родени момчиња кои таткото Зоран и мајката Драгица морале да ги сместат во инкубатори во родилиштето во Загреб.

Од неутврдени причини, двете бебиња само неколку дена по раѓањето во болницата ослепеле, а тој недостаток судбината им го надомести со извонреден музички талент, благодарение на кој веќе неколку години се едни од најпопуларните пејачи во Србија и во регионот.

Познат водител еднаш го праша Саша дали е вистина дека поради Дејан не сака да ги оперира очите, иако знае дека после тоа би прогледал, зошто како што наведува, тоа кај него не е случај, на што добил одговор дека за тоа – не се зборува.

Очигледно водителот не бил доволно информиран за животната приказна на браќата Матиќ која е многу тажна.

Тие двајцата како недоносени близнаци биле во инкубатор и наводно поради невнимание на медицинската сестра останале слепи, иако како бебиња се родени со нормален вид.

ФОТО: Карлеуша гушна момче на сцена и ги покажа градите пред сите!

Јелена Карлеуша по фотографиите објавени во јавност и пораките со фудбалерот Огњен Врањеш се повлече во Кина, а потоа се врати во Србија за да може вчера да снима епизода од „Ѕвездите на Гранд“.

Таа на снимањето пристигна последна и беше многу нерасположена. А, дефинитивно причина за тоа е целата „прашина“, која се крена по нејзините експлицитни фотографии.

За тоа време , нејзиниот менаџер ги туркаше новинарите и фотографиите, за да им забрани да фотографиите.

А, внатре Јелена повторно покажа повеќе од што сака, како што пишуваат балканските медиуми.

ВИДЕО: ЈК се „мази“ ГОЛА во када!

Јелена Карлеуша само што се смири од порно скандалот кој го стресе нејзиното семејство, се појави ново видео, пренесува српскиот Курир.

Карлеуша на видеото гола во када со пена порачува „Те сакам" со мил глас.

Инаку, таа видеата рече дека се монтажа и дека сето ова го смета за голем удар врз семејството.

Вчера за прв пат се појави на снимањето на Гранд видно нерасположена со наочари на себе, постојано гледајќи во мобилен.

Ултиматум од Душко до Карлеуша - нема веќе лабаво

Душко Тошиќ сопругот на Јелена Карлеуша наводно и поставил ултиматум ако сака да остане во брак со него.

Како што пренесуваат српските медиуми, тој на пејачката и предложил да се пресели со нивните две ќерки, Ника и Атина во Кина, каде тој игра. 

Со оглед на тоа дека порно аферата и скандалот го стресе семејството, Тошиќ сака семејството да биде поблиску до него.

- Душко е уверен дека тоа е единствениот и вистински начин да опстане бракот. Предложи да купат вила и да бидат таму додека тој игра, вели извор за српски Информер.

Популарно