Пресврт во случајот за убиството на Никола Саздовски

Според пријавата од полицијата, Б.Б., С.Д, како и Ј.Љ (19) сите од Скопје, на 29 минатиот месец околу 17.30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар Александар Македонски пријавените физички го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје. По десет дена претепаното момче им подлегна на повредите.

Судија на претходна постапка при Основен суд Скопје еден-Скопје постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор за осомничените Б.Б и С.Д за кривичното дело „убиство“ од член 123 став 2 точка 1 ВВ со член 22 од Кривичен законик денеска донесе решение со кое ја укина претходно определената мерка притвор за кривичното дело „насилство“ и определи нова мерка притвор за кривичното дело „убиство“ од член 123 став 2 точка 1 ВВ со член 22 од Кривичниот законик.

– Новата мерка ќе трае до истекот на 30 дена сметана од моментот кога двајцата осомничени веќе претходно беа лишени од слобода, информираат од Судот.

Оттаму појаснуваат дека Судот е на ваква оценка и покрај тоа што станува збор за ново кривично дело, од причина што станува збор за ист кривично-правен настан, без оглед на неговата правна квалификација, а согласно член 171 став 1 од ЗКП притворот определен од решение на судија на претходна постапка може да трае најдолго 30 дена од денот на лишување од слобода, односно во времетрање на притворот се засметува секое лишување од слобода.

Според пријавата од полицијата, Б.Б., С.Д, како и Ј.Љ (19) сите од Скопје, на 29 минатиот месец околу 17.30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар Александар Македонски пријавените физички го нападнале Н.С., по што тој бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје. По десет дена претепаното момче им подлегна на повредите.

Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

Популарно