Детали за свирепото убиство кај Беловодица: Вака полицаецот го извршил убиството

Надворешната канцеларија за кривични работи – Прилеп до Основното јавно обвинителство денеска поднесе кривична пријава против Е.Т. (24) од Битола, вработен во Министерството за внатрешни работи како полицаец во Полициска станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ предвидено и казниво по член 123 од Кривичниот закон на Република Македонија.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера околу 12:00 часот пријавениот го контактирал сега покојниот А. Б. (36) во село Јеловјане и му понудил да му продаде патничко моторно возило марка „Голф 5“, сопственост на лицето Ј.С. од Битола.

Двајцата контактирале преку пораки од социјалната мрежа „Фејсбук“ при што се договориле истиот ден околу 14:30 часот А.Б. да го види возилото, кое од страна на пријавениот му било понудено за продажба за сума од 3.600 евра. Откако го виделе возилото, двајцата се упатиле кон село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде што наводно требало да ги чека сопственикот на возилото. Откако стигнале во атарот на село Беловодица двајцата излегле надвор од возилото. Во еден момент Е.Т. го извадил својот службен пиштол кој го носел со себе и испукал четири куршуми кон покојниот А. Б., кој бил усмртен на лице место. Е.Т. од А.Б. одзел една чантичка во која имало 4.000 евра, пари кои му биле предвидени да му ги плати на сопственикот на возилото. Потоа, пријавениот од возилото извадил шише полно со бензин и црна капа која му ја ставил на лицето на покојниот Б.А. и откако го полеал со бензин го запалил. Откако го извршил кривичното дело, со возилото се упатил во правец кон Битола.

Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека ноќеска околу 2:00 часот Е.Т. е лишен од слобода. Службениот пиштол со потврда е одземен и истиот ќе биде предмет на балистичко вештачење.

Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

Популарно