ВИДЕО: Скопјанец си направи багер и чисти снег по тротоари

На Фејсбук денеска кружи ново видео како скопјанец го чисти снегот од тротоарот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов со сопствено возило наменски трансформирано во „импровизиран багер“.

Иницијативата е на деловниот објект на „Орифлејм“. Обврската за чистење на тротоарите од снег, според прописите, е на граѓаните и деловните објекти.

Шилегов: Ако не реагираме, мостот ЌЕ ПАДНЕ!

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска истакна дека градежните работи кај мостот „Гоце Делчев“ ќе се одвиваат во наредните 40 дена.

Тој објасни дека станува збор за дилатација што не е извршена повеќе од 13 години и  затоа таму ќе има посебен сообраќаен режим.

– Ќе треба да издржиме тие 40 дена, да имаме сообраќаен метеж или ќе падне мостот „Гоце Делчев“. Лето е, луѓето не се толку присутни и вистинско време е да ја извршиме таа дилатација на мостот, изјави Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Во четврток започнува фестивалот „Summerland” 2019

Оваа година за  првпат во Скопје, ќе се одржи фестивалот Summerland 2019. Од 04.07-28.07 во срцето на Градски парк со главна бина на Школка, секојдневно ќе има богата музичка програма и забавни активности за сите возрасти.

Покрај музичките изведувачи кои ќе настапуваат секој ден, во склоп на фестивалот ќе има и Fun зона со друштвени и видео игри, флипери, фудбалчиња и табла. За најмладите ќе има детско катче со едукативни и забавни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии, кино на отворено и уште многу содржини кои ќе го направат летото во Скопје незаборавно.

Отворањето на „Summerland” е во четврток ( 04.07), а забавната програма ќе се одвива секојдневно од 18:00-00:30. Летната забава на Школка, во четврток ќе започне со групата „Нокаут“, а викендот е резервиран за трибјут настапи- во петок, ЕКВ, Бјиело Дугме Трибјут и  Ѓорѓе Балашевиќ Трибјут, во сабота и недела пак странски артисти кои прават светски шоуа со трибјути на Арктик Манкис и Џо Кокер и Ајрон Мејден и Металика. Фестивалот „Summerland” е под покровителство на Град Скопје.

Популарно