ФОТО: Го знаеме како Талат од Џепчиште

Сите го знаат како Талат од Џепчиште во Преспав, а тетовскиот актер сосема непрепознатлив во реалноста. 

Дритон е активен корисник на социјалните мрежи каде постојано има нови следбеници и обожаватели и објавува фотки. Дритон и навистина потекнува од Тетово, неговиот татко работи со слаткарница, а пак тој освен актерството ги сака сите гранки од уметноста.

ВИДЕО: Актерката од „Игра на тронови“ со растажувачка објава

Џозефин Гилан има епизодна улога во популарната „Игра на тронови“. Актерката тврди дека социјалните служби од Израел ја киднапирале ќерка ѝ, која има 8 месеци.

Според актерката, бебето било кај нејзина другарка, бидејќи таа морала да се јави на редовниот третман за постпородилната депресија. Додека тоа се случувало, судот донел налог дена бебето треба да ѝ биде одземено.

Таа покренала петиција со која бара ќерката да ѝ биде вратена. Џозефин наскоро ќе биде сослушана, но дотогаш бебето ќе биде во згрижувачко семејство.

Од целиот настан таа објавила и видео, во кое ѝ се закануваат со затвор доколку не го предаде детето.

„Јас сум Џозефин Гилан, глумев во ‘Игра на тронови’ и не сум вработена моментално. Мојата ќерка е киднапирана и предадена на друго семејство. Не ми е дозволено да ја гледам. Не знам каде е. Не направив ништо лошо, ниту пак пријателите кои ја чуваа додека бев на терапија“, напишала актерката на нејзината „GoFundMe“ страница.

ФОТО: Вака сега изгледа Касaндра

Експанзијата на латино-американските серии во Македонија почна во 1997-1998 година, а најпопуларна беше „Касандра“ од Венецуела. Убавата актерка Кораима Торес во улогата на Касандра ги освои срцата на гледачите.

Врв на популарноста беше кога Касандра во серијата заврши во затвор, па во некои земји на поранешна Југославија луѓето пишуваа петиција да се ослободи. Се продаваа и албуми со сликички со ликовите на Касандра, Ранду, Луи Давид, Доринда...

Денес, Касандра има 46 години. Таа уште игра во теленовелитe. Од Венецуела, се пресели во Богота, Колумбија. Се омажи за актерот Николас Монтеро и го имаат синот Ману Нико. 

Таа и денеска, во петтата деценија, изгледа одлично. 

ФОТО: Вака изгледа познатата „мама две чевли“ од Том и Џери

Том и Џери е еден од најпознатите цртани филмови во историјата. Првата епизода е емитувана во 1940 година.

Покрај мачката и глушецот, во цртаниот се појавува уште еден лик, но не целосно. Наскоро овој лик беше наречен „Мама“, односно „Мама две чевли“.

Инаку, „мама две чевли“ е жена од афроамеричко потекло во чиј дом живее мачорот Том, а таа го храни и чува, но понекогаш и го брка.

Анимираниот лик на мама никогаш не беше прикажан, но затоа знаеме кој го позајми нејзиниот глас.

Тоа е Лилијан Рандолф, американска актерка и пејачка која беше активна на телевизија уште од 1930-тите до последниот ден од нејзиниот живот.

Популарно