Видео: Овие постапки може да ви го спасат животот

Веројатно некогаш ви се случило да јадете риба и да ви се заглави коска во грлото.  Коската некогаш не се забележув, бидејќи е навистина ситна.

Задолжително посетете го вашиот  лекар, но доколку не можете од било која причина да го сторите тоа – ова се некои од методите кои ќе ви помогнат.

Кашлајте – кашлањето е интинктивна реакција која може да ви помогне. Кашлањето може да помогне и коската да се исфрли на наједноставен начин.

Лажица маслиново масло може да ви помогне, секако, ако сте проголтале мала коска.

Ставете малку банана во уста додека устата не стане влажна, а потоа проглтајте. И ова е корисен совет!

Таа дојде до топ форма со анти дијета

Речиси секоја диета бара броење на калории, но за една  девојка како успешен  се покажа сосема спротивен метод. 30-годишниот Madalin Đorđeta Frodsem решил да ја  проба т.н. анти дијета и престанала да ги брои калориите.

"Се сеќавам кога ги гледав трансформациите на други жени, и му  ги покажував фотографиите на мојот тренер, ги анализирав нивните тела и се прашував кога јас ќе изгледам така. Пробав сè променив  тежина, броев калориите, ги намалив дозите, но сè уште немаше успех ", изјави таа ".

Со текот на времето, таа се свртела кон поинаков пристап. Таа повеќе не се грижела за калориите, но продолжи да работи напорно. Ако не можеше да оди во сала, таа ќе ги завршеше вежбите дома. Целото искуството веќе не беше стресно.

"Решив да не се фокусирам на одредени делови од телото, туку на целото тело", објаснува таа.

Дури и денес,  го следи принципот на таканареченото интуитивна дијета, според кое "храната е повеќе од гориво, но не емоционална утеха кога сме осамени или лошо располжени."

"Не бројам калории, сега сум во Италија и јадам свежо овошје, а за појадок пијам кафе со колачиња ", рече таа.

За ручек можете да јадете вегетаријански коктели, да вечерате  пица со сирење и салата, и не пропуштајте сладолед за десерт.

"Јас не јс сметам диетата ефикасна. Повеќе од 80 проценти од луѓето кои сакаат да изгубат телесната тежина, на крајот ја обновуваат тежината, без оглед на програмата што следува ", рече Австралијанката, кој ја следат повеќе од еден милион луѓе на Инстаграм.

Се надеваме дека луѓето ќе почнат да вежбаат, за да уживаат во тоа.

"Повеќето се стремат кон губење на тежината и затоа се не се забавуваат. Истражувањата покажаа дека ова не е долгорочен план за одржлив развој. Неопходно е да се промени начинот на размислување, што е најтешкиот дел. Луѓето треба да ги сфатат здравствените придобивки од вежбањето ", изјави Фродсем.

Ако имате проблеми со „неа“ не го јадете ова

Со оглед на тоа што на докторите се повеќе им се  пациети  жени со изменета работа на тироидната жлезда, научниците донесуваат корисни совети за навиките во исхраната ако се борите со некакво нарушување на оваа ендокрина жлезда.

Штитната жлезда е составен дел на ендокриниот систем. Тоа е мала жлезда која се наоѓа на предниот дел на вратот и е важна затоа што игра важна улога во поддршката на бројни телесни функции, како што се контрола на температурата на телото, метаболичката стапка и нивото на енергија. 

Најчесто нарушување на тироидната жлезда е хипотиреоза или слаба функција на тироидната жлезда. Хипотироидизам обично е предизвикан од автоимуни реакции познати како болест на Хашимото, или со автоимун тироидитис.

Како и кај сите автоимуни болести, телото погрешно ги идентификува своите ткива како напаѓач и ги напаѓа додека не се уништи телото. Овој хроничен напад ја спречува тироидната жлезда да произведува соодветни нивоа на Т3 и Т4 кои се неопходни за правилно функционирање на телото. Во недостаток на овие хормони може да се забави метаболизмот и да предизвика дебелина, замор, да доведе до сушење на кожата и проблеми со косата. 

Хипертироидизам или премногу активна  функција на тироидната жлезда е уште една честа патолошка состојба на овој орган. Најчеста форма е Гравесовата болест во која автоимуниот одговор на организмот предизвикува тироидната жлезда да произведува премногу Т3 и Т4. Симптомите на хипертироидизам може да вклучуваат губење на тежината, висок крвен притисок, дијареа и брз пулс.

Селен 

Селен е неопходна компонента на ензимот одговорен за конвертирање на Т4 во Т3 и без соодветно ниво на селен, нема да има активирање на тироидниот хормон. 

Селенот го балансира јодот, бидејќи прекумерните нивоа на јод доведуваат до уништување на тироидните клетки. Важно е секојдневно да се храните со храна богата со селен, како што се ореви, конзервирана туна, масна риба како лосос, скуша, сардини ... 

Дали да  избегнувате соја?

Сојата не смее да се избегнува, бидејќи според новото истражување може безбедно да се јаде без да му наштети на здравјето на тироидната жлезда, особено ако дневниот внес на јод е соодветен. 

Гоитроген (Goitrogen)

Многу научни списанија тврдат дека со нарушувања на тироидната жлезда треба да избегнуваате зеленчук, како што се зелка,  броколи и карфиол. Тоа е затоа што тие содржат природни хемикалии наречени goitrogens кои можат да влијаат на производство на тироидните хормони. Сепак, ризикот е низок ако консумирате овие видови зеленчук во умерени количини. Исто така, се препорачува да се готви или пареа зеленчук, бидејќи ги деактивира готрогените.

Витамин Д

Адекватното ниво на витамин Д е поврзано со помала веројатност за развој на Хашимотовата болест. Нивото на витамин Д треба да се проверува во редовни интервали. Главните извори на витамин Д вклучуваат масло од црн дроб треска, мрсна риба, полномасно млеко, јајца, како и сончева светлина. 

Што е со диета без глутен? 

До денес, ниту една студија не ги оценила ефектите на диетата без глутен кај луѓето со автоимуна болест на тироидната жлезда (АТД). Ова останува контроверзност, бидејќи резултатите се неконзистентни. 

Откако ќе се воспостави диета без глутен, автоимуните маркери за оваа болест ќе исчезнат, па затоа од суштинско значење е тестирањето да претходи на промени во исхраната со цел да се обезбеди прецизност. Меѓутоа, ако тестот е негативен, следува пробна диета без глутен, со акцент на природна храна (на пример, овошје и зеленчук, мешунки, пченка, ориз, ореви, семиња, риби, пилешко месо, црвено месо).

Пијте кафе за да не се дебелеете..

Според Дејли мејл” кафето може да се покаже многу важно во борбата со дебелината, бидејќи содржи кофеин кој помага за согорување на калориите, како и тоа го зголемува ослободувањето на хормонот окситоцин.

Овој хормон го регулира апетитот и метаболизмот и ја олеснува борбата со килограмите.

Кинески научници направија експерименти со глувци и открија дека кофеинот го потиснува апетитот и ги стимулира да се поактивни и да трчаат повеќе. Користените дози сепак се многу високи – 60 mg / kg (еднакви на од 24 до 36 чаши кафе за човек).

Кофеинот ги блокира аденозиновите рецептори во хипоталамусот. Тоа е централниот регулатор на енергетскиот баланс кај цицачите. Кај глувците тоа води до ослободување на окситоцин, кој ја намалува дебелината.

Научниците од Универзитетот во Хуачжун се надеваат дека откритието ќе им да послужи за создавање на таблета за слабеење на базата на кофеин.

Одамна е познато дека кофеинот помага за слабеење. Механизмот со кој тој делува сепак беше непознат. Се смета дека кофеинот ја зголемува дневната потрошувачка на енергија за 5 проценти.

Популарно