Таткото на Адам Лабунски пововторно се појави во „Ѕвездите на Гранд“

Во претходниот круг, таткото на македонскиот кандидат во „Ѕвездите на Гранд“ добро познатиот Адам Лабунски се скара со членот на жирито, Ѓорѓе Давид.

 Меѓутоа, во саботното издание на „Ѕвездите на Гранд“  се емитуваше четвртиот круг на музичкото шоу каде настапуваше и Адам во дуел со Стефан Даниќ.

 Иако во претходното негово појавување и кавгата со Давид, Марија се налути, сепак по неговата синоќешна интерпретација, Шерифовиќ и Давид беа воодушевени.

 „Адам е проблематичниот ученик во одделението, кој може да направи многу работи,а бира да биде свој. Првата песна ја отпеа маестрално, тоа го кажува публиката и жирито. Но, таа атмосфера те понесе и во втората песна каде интонативно беше малку висок. Во секој случаj, ова е твојата најдобра изведба“ истакна Марија.

И Џорџе Давид имаше пофални зборови за македонскиот кандидат.

„Момче , очигледно дека овој пат малку повеќе ја слушаше Марија. Ве молам да му дадете уште еден аплауз за првата песна. Јас навистина уживав, вие Македонците имате чувство за некои работи, тоа го имате само вие и никој друг “ изјави Давид.

Тогаш се огласи и таткото на Лабунски од бекстејџ и Поповиќ истакна дека Ибро и Давид пред емисијата убаво се поздравиле.

„Јас месец дена не можев да преболам она што се случи. Само да кажам дека не ја менував песната, Адам ја праша Ана и таа кажа дека Марија Шерифовиќ дозволува“ истакна таткотo на Адам.

Македонија горда: Ленче Кукиќ победник на „Никад није касно“

Прекрасниот македонски глас, харизматичната Ленче Кукиќ е победник на балканското ТВ шоу „Никад није касно“ од страна на жирито и Фејсбук публиката.

Ленче од стручното жири освои 172 гласови, а од Фејсбук публиката 5164 гласови. Таа беше втора, според СМС гласовите со 3694 СМС пораки.

17 годишната Џејла победи на Ѕвездите на Гранд

Вечерва се одржа финалето на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд. Од нашата држава имаше 4 натпреварувачи, Мартинијан Кириловски, Огнен Здравковски, Дарко Коцевски и Филип Пецовски.

Победата ја однесе 17 годишната Џејла Рамовиќ, која освои 334 гласови од жири и 683 гласови од публиката. Апсолутната победничка беше во тимот на пејачката Марија Шеровиќ.

Од нашите натпреварувачи највисоко се пласираше кумановецот Мартинијан, кој со 133 гласови од жири и 95 од публика го освои петтото место.

Лина Пејовска влезе во финалето на најпопуларното хрватско музичко шоу

Македонската пејачка Лина Пејовска влезе во финалето на хрватското музичко шоу „Ѕвезди – летен хит“. Таа го воодушеви жирито со песната на Тончи Хуљиќ, Tower of Babylon, која на фестивалот „Дора“ ја пееше Лорна Буќан. Потоа испеа и дует со Петар Грашо.

„Совршена си, не можам да поверувам дека имаш само 16 години. Поседуваш се што треба да има една ѕвезда“, и рече Андреа Андерсај, една од членовите на жирито.

Лина уште од почетокот е една од милениците на публиката, но и на жирито во кое се членови Тончи Хуљиќ, Петар Грашо, Бранко Ѓуриќ, Нина Бадриќ и Андреа Андерсај. Таа во првиот круг ја пееше евровизиската песна My Number One од Хелена Папаризу

„За учество во музичкото шоу се пријавија преку 2000 кандидати, а влегоа само 60, меѓу кои и јас. Во првиот круг поминав одлично, добив преубави коментари од жирито и затоа сум презадоволна од мојот настап“, рече неодамна Лина за „Репортер“.

Јавноста во регионот ја запозна Лина по учеството во шоуто „Пинкови ѕвездички“. Од неодамна таа снима преработки на светски и балкански хитови, а нејзините видеа имаат преку 2 милиона прегледи на „ЈуТјуб“.

Финалето на најпопуларното музичко шоу во Хрватска ќе се одржи следната сабота (22 јуни).

Популарно