Тие успеаа да го изненадат РК Вардар

Во вчерашниот натпревар екипата на РК Металург приреди големо изненадување во националниот куп, откако во дуелот за трофејот го победија големиот фаворит Вардар по подобро изведување пенали.

Натпреварот заврши 29:29, па се пријде кон удари од седум метри по кои „металурзите“ победија со 33:32.

Ова е прв „испуштен“ трофеј на „црвено-црните“ по пет годишна доминација во домашните натпреварувања.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#rkmetalurg

A post shared by РК Металург (@rkmetalurg) on

Барселона почна да продава „звезди“

Челните луѓе  на Барселона одлучиле да дозволат за заминување на Иван Ракитиќ и Филипе Кутињо, пишува Каталонскиот „Спорт“.

Според истиот извор, првата причина за продажба на горенаведените играчи е таа што Барса има проблеми со преголемиот број играчи за врска, така што сака да се ослободи од некои од нив. Втората причина, е тоа што на Ракитиќ и Кутињо, каталонците најмногу можат да заработат, бидејќи сега им требаат пари, особено по трансферот на Гризман, но и плановите за враќање на Нејмар во Барса, за кого ПСЖ бара 200 милиони евра. „Спорт“ пишува дека Барселона се надева дека од Кутињо ќе извлече 100, а за Ракитиќ 50 милиони евра, а по оваа објава на Каталонците следните денови се очекуваат да стигнат првите понуди. 

ФОТО: Оваа девојка ја оставил Новак за Јелена

Лидија Поповиќ е атрактивната убавица со која најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ бил во врска пред да ја запознае сегашната сопруга Јелена, пишуваат регионалните медиуми. 

Нивната романса наводно траела само два месеца, а љубовта прекинала уште пред медиумите да дознаат за истата. Поповиќ денеска е светски позната диџејка, а нејзиното уметничко име е Лејди Ли.

Ѓоковиќ од 2014 година е во брак со Јелена Ристиќ. Двојката има две деца, синот Стефан и ќерката Тара. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by LADY LEE (@ladyleeofficial) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by LADY LEE (@ladyleeofficial) on

Мајката на Ноле: Работев на шанк, правев палачинки и сите заработени пари ги давав за Новак

Дијана Ѓоковиќ, мајката на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, не сака да се експонира во медиумите и максимално е посветена на семејството. Во едно интервју призна дека целиот живот го посветила на децата, но дека не ни насетувала дека Ноле ќе биде тениски ас. Сакала само да се занимава со спорт, како би израснал во здрав и добар човек. Кога со нејзиниот сопруг сфатиле дека е исклучително талентиран, направиле сѐ што е во нивна моќ да му помогнат да го оствари својот сон. На патот кон успехот се соочувале со многу бариери, прошле низ вистински пекол.

Дијана неодамна во интервју за хрватскиот „Вечерни лист“ откри дека семејството во 90-те било на работ на банкрот поради кариерата на Новак. Родителите на Ноле имале ресторан на Копаоник и тоа им бил единствен извор на приходи, а Дијана не крие дека биле на чекор да се повлечат.

- Имаше моменти кога мислевме дека финансиски не можеме повеќе да издржиме. На крај некако се снаоѓавме. Тоа беше единствен начин нашиот син да успее. Он тоа не го знаеше и не требаше да го знае. Не го оптеретувавме дали имаме или немаме. За него мораше да имаме. Седумнаесет години работев во ресторанот, од 10 до 16 часа. Правев палачинки, работев на шанк, правев пици.. Срѓан патуваше со него, а јас им ги праќав сите пари кои ќе ги заработев. На крајот се исплати, но можеше да биде и поинаку - раскажа таа за „Вечерњи лист“.

Вели дека сѐ постигнале сами, со помош на неколку пријатели, без поддршка од државата

Популарно