ФОТО: Змија се пикнала во количка додека бебето спиело

Жител на Нови Сад во понеделникот бил шокиран од глетката на познатото капалиште Штранд. Таму се појавијала змија кои прилично ги вознемирија жителите на Нови Сад.

Тој изјави дека една змија се пикнала во количката на неговото бебе кое има само 4 месеци.

– Змијата се пикна додека бебето спиеше во количката. Вистинска среќа е што сопругата ја забележала на време и веднаш го извадила бебето – раскажа овој Новосаѓанец.

Тој рече дека потоа веднаш ги повикал надлежните служби.

Инаку, горештината ги „измами“ влекачите на градските улици, па тројца пациенти се наоѓаат на лекување во лесковачката болница поради каснување од змии отровници, додека еден жител на Ниш е згрижен во тамошниот Клинички центар исто така каснат од змија.

ВИДЕО: Продавач нокаутираше купувач со еден удар!

Видеото снимено од безбедноса камера од маркет во Москва  пренесува  неверојатна сцена кога работник нокаутирал купувач кој потоа целосно изгбил свест.

Како што се наведува, купувачот не сакал да плати одредени артикли и ја навредил касиерката. Тогаш вработениот Фикрет А. изреагирал, а му бил доволен само еден удар.

Несреќниот купувач после ударот воопшто не мрдал, бил во бесознание.

Интересно е што никој од купувачите не реагирал на ваквото однесување на работникот.

И покрај се, работникот и понатаму е вработен во овој ланец супермаркети, а купувачот е во болница.

Популарно