Сега и засекогаш: Уште еден медиум се збогуваше со Тамара!

Радио Пела, единствениот електронски рурален медиум во Македонија, се приклучува кон акцијата на Радио Кавадарци и се извинува што ненамерно ги избриша сите песни изведени од Тамара Тодевска. 

Се случи, од вчера, не сакајќи сите до една песни каде што Тамара настапува да не ни се воопшто достапни во датотеката на Радио Пела, сега и засекогаш!!! 

Извини Тамара!

Одбележан меѓународниот ден на белиот стап

Денеска по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап  претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, организира прием за ученици од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид, „Димитар Влахов“ од Скопје.

За време на посетата на Кабинетот на Претседателот, Вила Водно, учениците имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Пендаровски, да му ги пренесат своите интереси за личен развој во рамки на образовниот процес, како и желбите за нивните идни професионални определби, а ги споделија и предизвиците и пречките со коишто се соочуваат во секојдневното живеење.

остите го информираа Претседателот дека нивното училиште е успешен модел и пример за инклузија, бидејќи во него сите ученици заедно учат, другаруваат и се забавуваат. Се пофалија дека се одлични шахисти, а пред претседателот Пендаровски покажаа дека се и талентирани музичари. Познатите мозаици во Кабинетот ги видоа на свој начин, со допир и како што велат, со душата и со срцето.

Претседателот Пендаровски нагласи дека сите млади луѓе во нашата држава ја имаат неговата безрезервна поддршка во реализирањето на нивните права, конструктивни цели, заложби и иницијативи, коишто непосредно влијаат врз целокупниот квалитет на живот на граѓаните на државата.

Надлежните институции и граѓанските организации, истакна Претседателот, треба системски да работат на подигнување на општествената свест за целосно укинување на сите облици на дискриминација кон слепите лица. Унапредувањето на нивните права, подвлече Претседателот, треба да биде наш заеднички приоритет, а ангажманот не смее да се сведува на активности што се организираат еднаш годишно, кога се одбележуваат ваквите денови, туку секојдневно, на сите нивоа и во сите сфери на општествениот живот.

Гостите се сретнаа и со дел од вработените во Кабинетот и беа запознаени со начинот на функционирање на оваа институција. Ова е прва посета на деца од училиштето „Димитар Влахов“, кое постои од 1954 година и е единствено од ваков карактер, кое обезбедува најдобра социјална вклученост и образование на децата со оштетен вид.

Видео: Спасено заглавено мече на територија на НП Маврово

На ФБ страницата од Националниот парк Маврово беше објавено видео  на кое се гледа како од страна на  службите за заштита на природа при Националниот парк Мавровo, беше ослободено  заглавено  мече.

 

Видео од заглавено мече на територија на НП Маврово, кое беше ослободено од Службите за заштита на природа при Националниот парк Маврово

Posted by Nacionalen Park Mavrovo, Mavrovo National Park on Tuesday, October 15, 2019

Видео:Како да изгубите 5 до 10 килограми за три недели?

Славниот доктор  Мајкл Мозли на иновативен и револуционерен начин открива план за исхрана кој ќе ви помогне да изгубите 5 до 10 килограми за три недели. Со оваа диета покрај тоа  што брзо ќе изгубите тежина, никогаш нема да се чувствувате гладни.

Оваа диета е наречена брзо-800 стана вистински хит. За време на оваа диета, треба да јадете 800 калории секој ден, но исто така е многу важно да се има предвид видот на храната што ја јадете.

Лекарот вели: „Држете се до планот и за три недели ќе забележите драстична разлика. Покрај ограничувањето на калориите, треба да следите уште неколку правила. Каков вид на храна ќе ја изберете е исклучително важно “.

Исхраната или планот за исхрана препорачан од д-р Мозли, изгледа вака:

Течност

Дали знаете дека многумина од нас се во постојана состојба на дехидрираност, потполно несвесни за здравствените ризици што ги носи? Ако не внесете доволно вода во вашето тело, ќе станете побавни, летаргични и гладот ​​ќе се појавува почесто.

Доволно внесување на течности ќе помогне да се задржи подолго чувството на ситост.

Масти

Досега ни беше кажано дека ако сакаме да изгубиме тежина, треба да се држиме настрана од маснотиите, а како одговор на тоа, прехранбената индустрија нуди низа диетална храна. Сепак, стапката на дебелина продолжува да расте. Факт е дека добрите масти не се непријател на диетата.

Богатите моно-масти го потиснува апетитот, забавувајќи ја брзината со која се празни желудникот. За подолго да се чувствувате сито, изберете маслиново масло, ореви, мрсна риба и, во умерени количини, млечни производи.

Влакна

Цревата ќе работат одлично ако внесете доволно влакна. Покрај тоа што помагаат да се задржат цревата да работат, тие влијаат и за подобро расположение. Покрај тоа, влакната ослободуваат хемикалија наречена “PII” што го намалува апетитот. За да не бидете гладни, оброците нека ви изобилуваат со свеж зеленчук, интегрални житарки и мешунки.

Популарно