ФОТО: Маријана и Росана повторно заедно!

Маријана и Росана повторно заедно. Емоции, прегратки, солзи….Маријана Новачевска, сестрата близначка на пејачката Росана Сариќ- Тодоровска, која долги години живее во Австралија, вчера пристигна во Скопје. Емотивната средба од аеродромот Маријана ја објави и на својот фејсбук-профил. Но, уште пред неколку дена Росана кажа дека ја чека сестра си да дојде од Австралија.

„Ајде уште малку. Те чекам сестро моја, душо моја, не спијам“, напиша Росана на Фејсбук пред неколку дена. За песните на сестрите близначи и денес се зборува. Тие беа популарни на времето, во 80-тите кога настапуваа со „Признавам“, „Стој“, „Едно срце имам душо“ , песни кои се евергрини.

Потоа Маријана замина во Австралија, а Росана продолжи со соло- кариерата. Маријана се омажи со Тоде Новачевски, композиторот на нивните песни, но по неколку години се разведоа. Последен пат Маријана во Скопје беше пред две години на свадбата на нејзината внука Ивана, ќерката на Росана и на актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче.

ФОТО + ВИДЕО: Карлеуша со наведната глава пред публиката на настап

Јелена Карлеуша им се пожали на фановите со голема болка дека 41. роденден ќе го дочека без најсаканото суштество, алудирајќи на загубата на својата мајка Дивна Карлеуша.

Меѓутоа, во Врњачка Бања ја дочекало изненадување на кое не се надевала.

Имено, публиката го скандирала нејзиното име и роденденската песна, а Јелена само ја спуштила главата пред максата покажувајќи поклон и благодарност за убавиот гест.

Вистинско изненадување било коа момче се качило на сцената да ѝ донесе торта со свеќи.

ФОТО: Катарина Шишмановиќ денес ужива целосно во животот

Српската водителка Катарина Шишмановиќ остана запаметена како водителка на емисијата чија глеавна тема беше љубовта - „Се за љубовта“ (Sve za ljubav).

Сепак и самата помина низ разделба после долгогодишна врска, а потоа и се повлече од малите екрани. Времето го користела за да патува, а за тоа сведочат и нејзините фотографии на Инстаграм.

Атрактивната бринета со фотографирала на најубавите места, а мажите не останале рамнодушни на овие глетки. Таа се посветила себеси и на уживањето.

ВИДЕО: Луна Џогани ја објави првата песна, фановите веднаш и порачаа само два збора

Ќерката на Анабела Атијас по излегувањето од реалното шоу „Задруга 2“ каде победи и освои повеќе од 100 илјади евра реши да сними песна и да стане пејачка.

По стапките на својата мајка Луна Џогани сними песна во студиото на Дарко Димитров во Македонија, а денеска го промовираше и својот спот за истата.

„Деветти круг“ веднаш наиде на лавина коментари на нејзиниот Јутјуб канал, но и Инстаграм каде пејачката ја споредија со Анастасија Ражнатовиќ која исто така стана пејачка по стапките на својата мајка.

„Дали тоа ја копираш Анастасија, бледа копија“, се само дел од коментарите.

Инаку таа во минатото говореше дека Анастасија Ражнатовиќ не е ниту близу до неа и дека не мисли дека ја копира ќерката на Цеца.

Видео спотот од нејзината прва песна можете да ја слушнете во продолжение.

Популарно