Екс-сопругата на Кајмакоски за првпат прозборе за разводот: Ми беше тешко, но сега ќе пеам

„Ќе излажам ако кажам дека не ми беше тешко по разводот, кога некого сакаш и нешто не успеало нормално дека ти е тешко, но се е за луѓе“– во својата прва изјава по разводот од поп пејачот Даниел Кајмакоски, тврди моделот Кристина Димитриевска (23), во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ”.

Кајмакоски често објавуваше фотографии од семејната идила, па затоа на почетокот на годинава веста дека ставиле крај на бракот ја изненади јавноста.

-Сфатив дека никој нема да дојде дома и да ми каже, ајде стани, туку мораш самиот да имаш јака психа и да продолжиш понатаму. Беше тоа долг период на затвореност, не сакав да комуницирам со никого, поминав депресивен период, но важно е каде сме сега. После разводот вежбањето е тоа што ме врати назад, што ми ја врати целата енергија – раскажа Димитриевска за „Бекстејџ” најавувајќи враќање на моделството и обновување на соработката со модното студио ,,Црнокрак”.

Таа открива дека подготвува дуетска песна со Андреј Миске.

-Снимивме песна наменета да ги допре малку сите заљубени, оставени, ќе излезе во септември – раскажа Кристина.

Тој беше голема љубов на Цеца: Легенда на Ц. Звезда преживеа инфаркт!

Владан Лукиќ, легендарниот фудбалер на Црвена Звезда, а потоа и претседател на клубот доживеал тежок инфаркт.

Лукиќ бил примен во болница, каде што успешно беше опериран и му беше вграден стент. Членот на познатата златна генерација на Ц. Звезда од 1991 година се повлече од јавноста откако замина од белградскот тим во 2012 година.

Јавноста по долго време на крајот на минатата година го виде во јавност со сопругата Ирена и тоа на свадба на Вељко Ражњатовиќ и Богдана Родиќ.

Медиумите сепак дознаа дека Владан и Цеца биле во врска пред неговото испраќање во војска во јуни 1990 година. Медиумите подоцна дознаа дека парот се верил и чекале свадба, но судбината потоа ги разделила.

(Видео) Менсур се обиде со пенкало да му извади око на Милан Милошевиќ

Водителот се скара со учесникот за неговото непримерно однесување. менсур во еден момент удри со пенкалото по маса, по што дел од него летна кон водителот.

„Веднаш излези надвор, ќе бидеш казнет! Немој да ми викаш на мене, не сум чувал јас со тебе, ниту ќе чувам. Со мене кога разговараш, ќе мора тоа да биде со многу понизок тон, така зборувај си со други, со мене не можеш. Око ќе ми извадеше“, кажа водителот Милан.

„Казнете ме, собирајте пари, казнете ем! Јас ќе седнам тука, нека бидам казнет колку што треба, нема никаков проблем. Еве ја чекам својата казна“, викаше Менсур, по што водителот продолжи со емиссијата.

Како изгледаше оваа драма може да погледнете во продолжение на видеото.

Знаев дека ме изневерува, цел град ми се смееше: Дарко Лазиќ откри детали од бракот со Ана Севиќ!

Пејачот Дарко Лазиќ по неколку години минати со поранешната сопруга Ана Севиќ реши да ја отвори душата и да признае дека таа цело време го изневерувала.

Иако никој не го очекувал тоа од Ана, сепак Дарко призна што се случувало во тоа време.

„Знаев декаме изневерува и молчев за да видам до каде ќе оди, а само требаше да ми каже дека се заљубила. 1.000 патија прашав, а таа се правеше луда. Цел град ми се смееше. На крајот му се јавив и го прашав дали е со мојата сопруга, а тој го негираше тоа“, кажа Дарко.

Дарко се раздели со Ана, по што веднаш повторно се венчаше и има детенце.

Популарно