Трендо се изнервира: Значи, да, ружно ви е името. И лажно ви е. Глупи едни

Пред неколку дена Офф.нет.мк, објави фотографија од визиткартичка на градоначалничката од Битола, на која името на нашата држава е Република севрно од Македонија. Следувал демант, по што... прочитајте сами:

Општина Битола:

Ги замолуваме медиумите кои веќе ја објавиле визит картата да ја демантираат веста и да ја објават реакцијата на општината и сликата со реалната визит карта.

По објавувањето на демантот, со нормална доза лутење, му пишавме на читателот кој ни ја испрати фотографијата:

Веројатно виде дека имаше демант и ние го објавивме. Ај сега објасни ми што ти беше “финтата”.

т.

Еве го неговиот одговор:

Трендо, визит картичката е лично од неа дадена на моја позната личност пред извесно време. Така што, таа може да демантира до наредната година и веројатно да прават очајничка брзопотезна промена в компјутер, колку да се "извадат" од калта... Обострана е, двете лица ѝ се на англиски јазик со истите грешки...

Дуки

И, тоа е тоа. Кој сака, слободно нека ѝ верува на општината. Ние сепак би повеќе да му веруваме на читателот. Главно затоа што во минатото неспоредливо пати повеќе сме се осеќале заебани од политичари отколку од читатели. И затоа што таа и нејзините служби не се први кои го грешат криминално натуреното име. А Заев не може да стигне секаде и да ги поправа.

А глупите кои едвај дочекаа да рипнат со драматики (трендо шири лажни вести, офф.нет го пробија дното и слични мелодрамски патетики), нека одат да шмирглаат шахти.

Името ви е го сменија со лажни вести (нема да го менуваме уставот и нема да биде ерга омнес) ама визитката на битолчанката сега ви е клучна дефиниција за „лажни вести“. Некој меѓу вашето „норт“ и нашето „маседонија“, подмолно додал „оф“. Уау!!  Оти па без „оф“ ви е многу убаво па некој треба „да му црта мустаќи“ за да го нагрди.

Значи, да, ружно ви е името.

И лажно ви е.

Глупи едни.

Офф,

Трендо

Родителите со поделени мислења - потребни ли се камери во градинките?

Дали видеонадзорот во градинките е уште еден луксуз на родителите или реална потреба на современото живеење, е прашањето кое последниов период се наметнува во јавноста.

Неодмна беа актуелни темите за работата на воспитувачите и на негувателите, па од тука и се наметна прашањето, дали е потребен видеонадзор во градинките.

Откако во јавноста излегоа неколку немили настани од страна на наставничките и негувателките, родителите се побунија и дел од нив побараа на камера да си го гледаат своето дете додека е во градинка.

Родителите се со поделени мислења во врска со оваа тема. Некои сметаат дека е добро да има камери во градинките, бидејќи на тој начин ќе има поголема контрола врз вработените и нивниот однос кон децата. Други, пак, ја осудуваат оваа иницијатива, велејќи дека ова отвара можност за злоупотреба на снимките. Родителите и вработените во градинките потенцираат и на фактот дека вината за однесувањето на децата мора да се побара и кај самите родители.

-Јас сум за.Нека има камери во градинките. Ама да се нема пристап до нив освен ако има потреба. Мислам дека многу родители ќе го злоупотребуваат тоа. Никој не сака детето да му трпи насилство ама па сега и за една гребнатинка модрица не оди да се малтретираат негувателките. А се си мислам дека кај нас на тој начин ќе се злоупотребуваат тие снимки и родителите ќе станат напорни. На пример да има одредени правила во кој случај може да се бараат да се видат(како што беше случајот со едногодишното девојче,изгризаното)или приметуваш одредени промени во однесувањето на своето дете.

-Против. Родителите од пуста желба за контрола не може да ги согледаат штетните последици кои би произлегле од ваквиот потег. Интимата на детето изложена на тацна. Дури и да не се стримува видеото, туку да се снима и да се чуваат снимките, повоторно некој би бил задолжен за одржување, чување, бришење итн. на снимките. А јас не сакам било кој да може да го гледа моето дете како јаде, оди во тоалет, спие... Не сакам неговото секојдневие да го споделувам со било кој. Јас би ги прашала родителите кои се за снимање дали би дозволиле камери во нивната спална соба? Оти исто му се фаќа. И не, воопшто не е исто снимање возрасни луѓе на работа и снимање на деца.

-Прво сум да има повеќе градинки, и повеќе негователки/воспитувачки. Да не мора врски да се фаќаат уште дури не ти е родено детето, и да не бидат една на 30 деца. Е, кога тоа ќе го средат, може да се разговара за камери. Ставија луѓе во администрација, по двајца на едно работно место, а ваму недостиг на персонал во градинките. 

Секогаш кај нас обратно се решаваат проблемите, затоа никогаш не е ништо решено. 

А за камери ко камери, не сум против, ама џабе додека не се реши другиот проблем.

Без патните исправи им виси работата во странство на македонските работници

Недостигот на обрасци за пасоши е стрес за многу македонски работници кои си обезбедиле работа во странство и треба да заминат надвор од државата.

Овие денови сите очи се вперени кон МВР и се чека решение што ќе се прави со пасошите.

Од повеќето агенции за посредување при вработување не сакаат да коментираат и велат дека тоа е работа на МВР, тие се должи да обезбедат пасоши за странките.

„Ние посредуваме за работа во странство, сезонски, и тој ангажман почнува од месец мај. Сме имале среќа и кај нас нема некој сериозен проблем, во смисла да се пожалат луѓето дека можеби нема да можат да извадат пасоши. На 30 клиенти се случува еден да каже дека не му е обновен пасошот, но и тој човек секако ќе стигне да си го обнови пасошот, затоа што ќе замине во мај да работи“, велат од една скопска агенција за посредување при вработување.

Граѓаните се незадоволни, велат дека службите не си ја вршат работата.

„Тргнав за лична карта, да ја земам ако е готова, но сигурно ќе биде проблем за луѓето за кои ќе нема пасоши. Ако некој веќе резервирал авионски билет, и за една недела треба да тргне, нормално дека ќе има проблем“, рече Саринка Стојановска, од Куманово.

Kaтерина Димковска, граѓанка раскажува дека има луѓе кои треба да се вратат во земјава, пасошот им истекува и стравуваат дека нема да можат да се вратат назад поради немање нов, важечки пасош.

„Од два – тројца луѓе кои се во Германија слушнав дека треба да се вратат, по што пасошот им истекува и страв им е дека нема да можат да ја напуштат државата, да се вратат назад на работа. Има некои информации за пасоши по итна постапка, но тоа ќе значи да платат 4.800 денари“, вели таа.

Од туристичка агенција во Кочани велат дека дел од граѓаните ги одложуваат патувањата поради немање пасош.

„Една девојка вчера не можеше да резервира авионски билет за Германија затоа што нема валиден пасош. Ќе мора да почека, и да го одложи патувањето“, додаваат оттаму.

Министерството за внатрешни работи (МВР) очекува да добие 100.000 обрасци за патни исправи во март. 

Системот за закажување термин за патна исправа ќе биде ставен надвор од функција до изнаоѓање на решение за надминување на проблемот со недостаток на обрасци за овие лични документи. 

Министерството за внатрешни работи ќе издава пасоши во редовна постапка само за граѓани на кои им е неопходен, односно критериумите за приоритет во наредниот период ќе бидат неодложно лекуваат во странство, бизнис-активности, на работници кои работат во странство, за професорите и експертите кои треба да учествуваат  на меѓународни конгреси, студенти во странство и слично.

Извор - Фактор

ХАРТИЕНИОТ БИЛЕТ ЗА ЕДНО ВОЗЕЊЕ СЕ ВРАТИ ВО ИГРА: Еве колку ќе ве чини

Сите оние кои немаат „СКОПСКА„ картичка за возење во автобусите на ЈСП , од денес ќе може си купат билет за едно возење. 

За 50 денари билет, ЈСП го врати хартиениот билет за едно возење во скопските автобуси, а истиот ќе може да се купи и во автобус и на билетарница. 

Билетите се приспособени да може да се употребуваат на постоечките валидатори.

Се очекува враќањето во употреба на билетот за една употреба најмногу корист ќе имаат граѓаните од внатрешноста но и туристите кои досега не можеа да ги користат услугите на автобусите во главниот град .

Популарно