Има решение за целулитот

Претпоставуваме дека и вам овие намирници ви се омилени, меѓутоа ќе треба да ги заборавите доколку сакате да се ослободите од целулитот. И покрај фактот ако имате добри гени и природно имате витка линија, не сте заштитени од целулитот.  За да се елиминира целулитот, потребни се строги правила и дисциплини, што подразбира правилна исхрана, редовно вежбање, козметички третмани и вода во големи количини. Сега ќе се фокусираме само на една ставка, а тоа е исхраната.

Конзервирана храна

Готовата храна содржи натриум во изобилство, што доведува до дехидрација на телото, што е вистински „магнет“ за целулитот.

Сланина

Исто така содржи премногу натриум, што предизвикува до задржување на водата во телото.

Пица

Знаеме дека штотоку ве растаживме, но пицата, за жал, може да ја влоши ситуацијата со целулитот поради големата количина на заситени масти.

Сирење

Да, и сирењето! Делува на целулитот исто како и останатите „забранети“ јадења. Обидете се да го избегнувате целосно.

Телото праќа сигнали месец пред да се случи

Иако многумина мислат поинаку, срцевиот удар ретко се случува од ведро небо. Поточно, телото се обидува да не предупреди со денови порано, со недели па дури и со месеци, пред самиот удар, иако ретко ги препознаваме знаците.

Непријатно чувство во градниот кош е еден знак. Кај поголемиот дел од случаите на срцев удар, нападот започнува со непријатно чувство во градниот кош и истото трае малку подолго од неколку секунди или се повторува неколку пати. Пациентите чувствуваат голем притисок и болка. 

Непријатно чувство во горниот дел од телото, како болка и непријатно чувство и во едната или кај двете раце, грбот, вратот, вилицата и желудникот. Болката во грбот и во вилицата почесто се јавуваат кај жените.  Задишаност, вртоглавица и мачнина се исто така знак.

Погледнете што ги уништува вишокот маснотии на стомакот

За жал, најтешко е да ги елиминирате мастите во пределот на абдоменот. Мастите воглавно се наоѓаат во оваа зона.

Стомачните маснотии влијаат на физичкиот изглед, но прекумерното насобирање масти може да предизвика и бројни болести.

За среќа, секогаш можеме да се потпреме на природните лекови, а овој рецепт со сливи ќе ви помогне да ги отстраните маснотиите.

Состојки: 100 гр сливи; 1 л прочистена вода

Начин на подготовка:

Ставете сливи и вода во херметичко шише. Оставете да отстои во фрижидер, а потоа процедете и магичниот лек е готов.

Пијте по една чаша од овој домашен лек секое утро на празен стомак и брзо ќе ги забележите резултатите.

Како до чиста и здрава кожа?

Куркумата е билка која потекнува од семејството на ѓумбирот. Но, нејзините бројни лековити својства сè уште не се целосно откриени и една од најлековитите и најдрагоцени зачини на светот. Куркумата помага при разни кожни заболувања, ја ублажува воспалената кожа, ја намалува хиперпигментацијата, му дава здрав сјај на лицето и се бори против слободните радикали.

Пилингот од куркума е одличен за кожата бидејќи длабински ја чисти, успешно ги отстранува сите мртви клетки и другите нечистотии од површината на кожата, ја поттикнува циркулацијата и го спречува настанувањето на акни.

По редовното користење на овој пилинг ќе забележите одлични резултати. Имајте на ум дека сè што ставате на вашата кожа продира во вашиот крвоток за само 20 минути, па затоа е подобро да користите само природна козметика.

Пилинг од куркума

Потребни состојки:

• ½ лажичка куркума

• ½ лажичка брашно (јачменово, ‘ржано…)

• неколку капки вода или хидролат

Припрема и употреба:

Припремете ја смесата непосредно пред употребата. Измешајте го правот од куркумата заедно со брашното и додадете неколку капки вода за да добиете хомогена смеса. Со кружни движења вмасирајте го пилингот на лицето, вратот и деколтето, а потоа измијте со млака вода.

Напомена: куркумата има силна жолта боја па затоа е потребно добро да го измиете лицето со цел да ја избегнете појавата на жолти дамки.

Популарно