Локална појава на нестабилност – МОЖНА појава на град

Денеска ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено југозапад, а потоа и на запад, а можна е и во југоисточните предели од државава.

Локално, има услови нестабилноста да биде поизразена проследена со електрични празнења како и со услови за појава на град. Во случај на појава на електрични празнења, ги предупредуваме граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја, додека овчарите своите овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Облачно, по котлините магливо

Во текот на денешниот ден не очекува претежно умерено до значително облачно, по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура во текот на ноќта  се движеше во интервал помеѓу 3 и 11, а  дневната ќе се движи  во интервал  од 12 до 20 степени.

Во Скопје утринската температура ќе достигне до 7 степени, а дневната температура до 16 степени.

Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер

Во текот на денешниот ден не очекува претежно сончево  време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура во текот на ноќта  се движеше во интервал помеѓу 1 и 10. а  дневната ќе се движи  во интервал  од 12 до 21степени.

Во Скопје утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната температура до 18 степени.

Променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд

Во текот на денешниот ден не очекува променливо облачно време со услови за краткотраен локален дожд. Наутро со услови за појава на магла по котлините. Минималната температура во текот на ноќта ќе биде во интервал помеѓу 5 и 13, а  дневната   ќе биде во интервал  од 10 до 20 степени.

Во Скопје утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната температура до 18 степени.

Популарно