Миа Костова: „Запознав човек што го сакам повеќе од себе“

Македонската водителка на „Бекстејџ“ и инфлуенсерка Миа Костова често е активна на социјалните мрежи.  Во последната објава на својот „Инстаграм“ таа објави емотивна порака која ја посвети на нејзиниот син Андрија.

- „2012 ми се смени животот комплетно. Запознав човек што го сакам повеќе од себе. Мислев дека секогаш ќе биде бебе. Пречесто се плашев дали добро правам и колку му должам кога е во прашање воспитување и родителска посветеност. Денес, вака сериозно голем ми дава за право да мислам дека може не сум најдобрата мајка на светот, ама можам со право да давам совети за воспитување ако некој ми побара, секако. Кроток, искрен, се радува буквално на се’, задоволен со премалку, полн љубов, разбран секогаш и без исклучок на прва, понекогаш и само со поглед, хармоничен, лесно навредлив и максимално самостоен. Не е оглас за зет, ниту за школо за воспитување. Само кажувам дека е Мој. Ваљда е мој, сомнително со оглед на љубовта кон училиште. Попљукајте го, јас ќе ви посакам ништо помалку и ништо повеќе од дете како него. Ова е нашето 8мо лето. Те сака мама, *Андрија*, напиша водителката во описот на фотографија со синот.

ФОТО: Тања Савиќ ја нема веќе црна коса по која е препознатлива

Пеачката Тања Савиќ од почетокот на својата кариера не експериментираше многу со својот изглед.

Таа е препознатлива по својата црна коса, меѓутоа пеачката на социјалните мрежи покажа каква промена направила.

-Драги мои, сакам да ја најавам долго очекуваната песна. Доаѓа песна која ќе го растопи и најтврдото срце. Спотот само што не е завршен, до тогаш уживајте во фотографиите. Очекувајте нешто сосема поинакво од она што до сега сум го работела, порача Тања. Нејзините фанови се воодушевени од новиот изглед.

ВИДЕО: Дарко Лазиќ го покажа и другиот свој талент

Српскиот пејач Дарко Лазиќ покажа уште еден талент, покрај тоа што одлично пее. Снимка која ја објавил на Инстаграм воодушевила многу негови следбеници.

Пејачот во октомври 2018 година имаше тешка сообраќајна несреќа, па мораше да паузира со кариерата, но многу брзи ѝ се врати на музиката.

Многумина знаат дека пејачот има талент за пеење, но не и дека одлично свири хармоника, што сега и покажа.

ФОТО: Поранешната сопруга на Кајмакоски доби романтично изненадување пред врата

Поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски, мисицата и модел Кристина Димитријовска, која се проба и во водите на музиката, доби неверојатно изненадување пред својата врата со кое се пофали на социјалните мрежи.

Моделот не откри дали со подарокот има и посвета и картичка, ниту покажа од кого е изненадувањето, туку само сподели фотографии.

Популарно