Во понеделник се раѓаат среќници, во четврток-успешни

Еве што денот на раѓање, според народни верувања, зборува за вашиот живот.

Понеделник

Понеделник е прв ден во неделата и се смета  за најсреќен. Се вели дека детето кое ќе се роди во понеделник ќе има долг и успешен живот. Со овој ден почнува нова недела, а според верувањата овој де е идеален за почнување на било каква работа. Господ го почнал создавањето на светот во понеделник, па токму затоа е добро човек да започне важни работи токму на тој ден.

Вторник

Вториот ден во неделата се смеат за најнесреќен ден па затоа луѓето родени во тој ден нема да имаат лесен живот. Во вторник , според верувањата и волците го чуваат крзното повеќе од другите денови. На овој ден не чини да се започнува било каква работа, бидејќи е баксузен, па и работата ќе оди на лошо и нема добро да се заврши.

Среда

На овој ден може да се започнат работите и да се тргне на пат. Се верува дека бебињата родени на овој ден ќе бидат напредни и здрави. Дете кое ќе прооди во среда ќе биде среќно и богато.

Четврток

За четврток се вели дека е среќен ден. Дете кое ќе се роди на овој ден ќе биде среќно и успешно во животот. На овој ден во минатото се започнувале работите во полињата, а било добро и да се оди да се побара рака на саканата. Се верува дека работите во полето и браковите треба да бидат склопени во четврток за кој се верува дека е ден на плодност и изобилство.

Петок

Петок, според народните верувања,  е еден од несреќните денови. Се верува дека во петок најлесно може да станете цел на “демонски сили“ и затоа на овој ден не треба да се започнува со никаква работа бидејќи ќе еве следи малер. На овој ден не треба да се оди на пат, а детето родено на овој ден според верувањата нема да има многу среќа во животот.

Сабота

Сабота е ден најчесто посветен на мртвите. На овој ден човек треба да биде внимателен да не му се случи некакво зло. Дете родено во сабота ќе биде необично но токму затоа е биде имуно на “лоши суштества“. Се вели дека родените на овој ден имаат изразена интуиција, видовити се и може да видат она што другите не можат. Во многу верувања се спомнува дека токму децата родени во сабота имаат способност да откријат закопано благо и станата богати и успешни луѓе.

Недела

Недела е ден за одмор. Господ, според христијанските верувања шест дена го создавал светот и тогаш седмиот – недела, седнал да се одмори ужива во плодовите на неговата работа. Поради тоа во народот постојат многу верувања  врзани за овој ден, а кои се однесуваат на одмор и поминување на времето со семејството. Човек роден во недела ќе биде исклучително среќен, се верува дека ќе живее во изобилство и нема многу физички да работи.

Човечки постапки што ги збунуваат кучињата

Кучињата се животни кои се најпослушни миленичиња. Постојат некои начини на однесувања на кучињата што се необични за нас, но луѓето исто така можат да ги збунат кучињата.

Тие нè следат и учествуваат во разни активности со нас, но сепак има некои сегменти од нашите животи кои им се несфатливи.

Ги оставаме сами

Мора да ви се случило вашиот четириножен пријател да не сака да ве пушти да одите на работа или да излезете и да сака да дојде со вас. Тоа е затоа што кучињата се по природа животни кои функционираат во група и секојпат кога ќе заминете, тие мислат дека ги напуштате.

Го менуваме изгледот и мирисот

Кога ќе се вратите дома вашето куче ја наведнува главата како да ве гледа за првпат во неговиот живот, или како нешто да не е во ред со вас. Oва може да се должи на новата облека што сте ја купиле или мирисите што сте ги собрале од ресторанот каде сте јаделе.

Сакаме да се гушкаме

Луѓето ги користат своите раце на сосема поинаков начин од тоа како кучињата ги користат предните нозе и шепи. Ние сакаме да се гушкаме за да покажеме љубов, а кучињата со предните шепи генерално фаќаат нешто за да покажат доминација. Ова значи дека нашиот обид за прегрнување може да се смета како демонстрација на сила, барем на почетокот.

Не сакаме каснувања

Она што сметаме дека е агресија, како касање, е генерално нормално во светот на кучињата. Каснувањето е дел од играта и покажува интимност. Кучињата може да ги збуни кога нивниот сопственик бурно реагира, додека тие само сакаат да ја покажат својата љубов.

400 денари за ноќевање во домот „Гоце Делчев“

Дарио Николовски, директорот на Државниот студентски центар за „Мета.мк“ рече дека планира да го стави овој дом на booking.com, за да може секој, посебно во летните месеци кога собите се празни, да си изнајми соба. Едно ноќевање вели, ќе чини 400 денари.

– Во однос на храната, има значително подобрување и во однос на квалитет и на разновиност. За храна и за сместување студентот плаќа 3.400 денари месечно, а условите за живот овде се достоинствени и најдобри досега – вели Николовски. 

Мини кујна, нови кревети и душеци, нови плакари, нови прозорци и врати, опремени заеднички простории за одмор. Сето ова го има во сите четири згради-блокови кои го сочинуваат студентскиот дом „Гоце Делчев“, изграден по катастрофалниот земјотрес, а пуштен во употреба пред точно половина век, во 1970 година. Во меѓувреме, никогаш од изградбата не беа направени потемелни реконструкции на објектите кои им биле дом на илјадници станари кои живееле овде во текот на студиите.

Просторот околу домот во моментов партерно се уредува, а она што е непроменето е студентската менза. Студентите со кои поразговаравме велат дека се задоволни од подобрените услови за живот во домот.

– Студент сум во четврта година. Сум живеел во неколку студентски домови, можам да кажам дека овде е најдобро досега, бидејќи се е ново. Ми имаат раскажувано дека во минатото родителите на своја иницијатива и со свои пари им ги средувале собите на нивните деца-студенти, бидејќи биле многу лоши условите за живот. Сега не е така. Само уште да знаеме да го сочуваме ова што го имаме, да не го уништуваме инвентарот – вели Горан М.

Во студентската менза сѐ како да е застанато во времето, бидејќи објектот не е реновиран откако е изграден. Но, храната што се приготвува е поквалитетна и побогата во споредба со претходно, барем така велат студентите. На мени за појадок денеска имаа да избираат – пржени и варени јајца, путер, зденка, кашкавал, јајца со виршли, сирење, паштети, јогурт, млеко…

Во минатото, студентите-станари во студентскиот дом „Гоце Делчев“ спиеја на скапани мандраци, во соби со прозорци што не дихтуваа, а мебелот беше стар и мувлосан. Тоалетите беа во ужасна состојба, студентите многу често немаа топла вода за да се искапат, ниту парно за да се згреат. Родителите на студентите, со одобрение на управата, многу често со свои пари варосуваа во собите, набавуваа мебел и покуќнина, за да можат нивните деца да имаат достоинствени услови за живот во текот на студиите во главниот град.

ФОТО: Македонец се родил во авион на ЈАТ, а кум му бил пилотот

Австралијанецот Јатко Тодев со потекло од Македонија, добил доживотно бесплатно летање со авион од авиокомпанијата ЈАТ, затоа што во 1978 година, се родил за време на летот за Сиднеј.

Јатко е роден на 13 февруари за време на летот Б-707, кој летал од Југославија до Австралија. Неговата мајка Марија Тодева се породила во авионот и тоа било прв таков случај во историјата на воздушниот сообраќај.

Јатко раскажува дека папочната врвца ја пресекле со ножици, а ја дезинфицирале со виски. Кум бил пилотот, кој управувал со авионот. Јатко го добил името во чест на авиокомпанијата ЈАТ, сега позната како Ер Србија.

Јатко е единствениот човек во светот каде што во местото на раѓање е запишана регистрацијата на авионот YU-AGI. Иако добил можност бесплатно да лета до било која дестинација во светот, Ратко ниту еднаш не го искористил овој подарок. Тој сега со семејството живее во Австралија.

Популарно