ФОТО: Македонската убавица направи драстична промена

Македонската мисица и убавица Емилија Розман сподели фотографија на Фејсбук на која наликува на Зорица Брунцлик. 

Со последната трансформација  македонската убавица неодоливо потсетува на она што и е вообичаен имиџ и стајлинг на фолк пејачката, бидејќи косата и е розева.

ФОТО: Има 71. година и 4 внуци, но никој не ѝ верува

71-годишната Керолин Харц верувале или не, изгледа барем две децении помлади. Таа се залага за здрав живот, кој и сама го практикува со години, а вели дека токму во тоа е тајната на нејзината младоликост и добра форма.

Таа внимание во медиумите привлекла со сјајниот изглед и во осмата деценија од животот, а вели дека нејзината тајна е едноставна - таа воопшто не јаде шеќер.

Таа некогаш јадела многу благо, но откако пред 40 години ѝ бил дијагностициран дијабетис морала да се откаже од рафинираниот шеќер и неговите преработки.

Таа е исто така автор на една книга за готвење кој на едно место има низа рецепти за сочни десерти без штетни додатоци.

Таа тврди дека тоа што го исфрлила шеќерот од исхраната е најзаслужно шо има одлична форма и на 70. години.

Керолин не се срами своето витко тело да го покажува во тесна, провокативна облека, а неретко се фотогрфира и во бикини. Често слуша дека не е вкусно на нејзина возраст да се фотографира така, но таа вели дека не обрнува внимание на тие коментари затоа што сака во животот да ужива со полн здив.

ВИДЕО: Ана Бекута ослабе 17 килограми, па се затегна во кожни панталони

Пејачката Ана Бекута која има 60 години веќе некое време е на посебна исхрана и за пет месеци ослабе 17 килограми.

Бекута, со оглед на тоа дека линијата ја довела во ред, направила и нова фотосесија гордо истакнувајќи ги своите облини. Бекута се фотографирала со кожни панталони.

„Најмногу јадам овошје и зеленчук, малку месо. Не додавам воопшто сол во храната, ставам многу бибер и куркума. Пијам многу чаеви и вода, имам редовно кардио вежби“.

ФОТО: Сека Алексиќ во тесен црн фустан го истакна трудничкиот стомак

Српската пејачка Сека Алексиќ е бремена со второто дете за кое откри дека ќе биде син. Таа и нејзиниот сопруг Вељко веќе го имаат синот Јаков.

Мора да се признае дека е навистина згодна трудница.

Пејачката објави фотографија на својот Инстаграм профил на која акцентот е ставен на нејзиното трудничко стомаче, но секако неизбежно е да не забележи и бујното деколте.

Популарно