Антонио Милошоски-Македонија добива зелено светло од Холандија ShareВести на 10.2019На својот Твитер профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски вечерва напиша дека Македонија добива зелено светло од Холандија без дополнителни услови, додека Албанија добива црвено светло за старт за преговорите со ЕУ. Холандскиот парламент заклучи: црвено светло за Албанија, зелено светло, без дополнителни услови, за Македонија во однос на одлуката за датум за преговори со ЕУ. Разгледувањето на одлука за преговори во пакет и за Албанија и за Македонија не е опција за Холандија. https://t.co/4ViGqJzm8P — Antonio Macedonian (@AMiloshoski) October 8, 2019 ShareTwitter Коментирај
Дури 45 отсто од Македонците се пушачиВести пред еден денМакедонците со 45,4 отсто се рекордери по бројот на пушачи на цигари покажуваат податоците од Инстутот за јавно здравје. Во последните години имало и такви што пробале да се откажат од пушењето и тој број е пет отсто. Во советувалиште за одвикнување од цигарите се јавиле само 43 лица и според ИЈЗ нема голема заинтересираност за откажување од пушењето. Најголемите и најзастапени ризик-фактори според ИЈЗ кај речиси сите видови хронични незаразни заболувања, употребата на тутун сериозно придонесува кон нарушувањето на општото здравје на популацијата. Кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања можат да се јават како последица од редовна употреба на тутун. За споредба, во Европската Унија пушачи се 18,4 отсто, а во светот 17 отсто од населението. Просекот на возраста на која младите почнуваат со пушење изнесува 13,5 години.ShareTwitter Коментирај
Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назадМакедонија пред 5 денаОд ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука. Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. ShareTwitter Коментирај
На која депонија градоначалниците го фрлаат собраниот отпад прашуваат од КХСВести пред 7 денаВо текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за собирање и транспорт на комуналниот отпадот од контејнерите поставени на булеварот Гоце Делчев до хотел ВИП, булеварот Партизански одреди, булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, улиците Даме Груев и Џон Кенеди, како и на повеќе локации во скопската општина Аеродром. Во рамките на вчерашните активности беа подигнати вкупно 350 тони комунален отпад. Би сакале да ја информираме јавноста дека досега немаме добиено одговор од страна на градоначалниците на скопските општини каде го одлагаат отпадот од наводните активности за собирање на комуналниот отпад што тврдат дека ги спроведуваат во рамките на своите општини. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден не забележа дека е подигнат отпад од страна на општинските комунални претпријатија во ниту една скопска општина. Се прашуваме дали навистина и на кои локации се одвиваат овие активности? ShareTwitter Коментирај
Живот Според Фројд, ова е единствениот начин да се препознаат глупавите луѓе: Една работа веднаш ги издава, внимавајте како се однесуваат
Македонија Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад