Славчо Попоски со детална анализа: Суша и летни температури до 29°C

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ и понатаму ќе се задржат многу високите температури на воздухот кај нас и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Времето ќе биде сончево повремено со мала локална облачност а ќе биде и претежно тивко или само на не кои места ќе дува сосема слаб ветер од променлив правец.

Да напоменеме дека овие температури на воздухот се повисоки од нормалните дури за околу десет степени и секако топлото време лошо ќе се одрази врз граѓаните каде постои опасност од појава на вируси.

Понатамошната суша пак и понатаму доста лошо ќе се одразува врз земјоделските култури и посеви.

За подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Oблачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде oблачно со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Пообилни врнежи на повеќе места ќе има во вечерните и ноќните часови .

Утринската температура ќе се движи од 4   до 12, а дневната температура од 10 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде претежно oблачно со врнежи од дожд .Утринската температура ќе достигне до 7 степени, а дневната температура до 17 степени.

Сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла .Утринската температура ќе се движи од 2   до 10, а дневната температура од 11 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност .Утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната температура до 18 степени.

Облачно и врнежливо време

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и пообилни (над 30 л/м2). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Утринската температура ќе се движи од  седум до 14, а дневната температура од 11 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 18 степени.Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник попладне и во следните денови ќе има нови врнежи од дожд.

Популарно