Кој се грижи за стајлингот на Луна Џогани?

Луна Џогани често ја прозиваат за нејзиниот стајлинг кој го носи на настаните на кои се појавува, а сега откри ко кој и помага да ја избере својата облека.

Откако стана пејачка, Луна стана се повеќе провокативна, па затоа често ја гледаме во провокативни изданија.

„Мама е задолжена за мојот стајлинг и стајлингот на моите танчерки. Таа смислува што треба да носиме и ние тоа го наоѓаме. Таа има смисла за сè. Не знам како ја наоѓа, ме облекува мене и моите танчерки и нема грешка. Оставам  се на неа “, откри Луна.

ФОТО: Згодната Рита предизвика кавга меѓу Георгина и Роналдо

Аргентинката Рита Переира се појавила секси како и секогаш па направила вистински хаос на доделувањето на МТВ наградите во Севилја.

Поради „жешката“ и провокативна Рита напад на љубомора добила свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез.

Наводно сексапилната актерка и водителка во минатото била во врска со Кристијано, што никогаш не било потврдено. Но, на Георгина и биле доволно шпекулациите за да „збудалела“ од љубомора кога ја видела на црвениот тепих во Севилја.

Според португалските медиуми Роналдо и Рита се запознале во 2008 година и биле во врска се до 2012 година. Поради Рита љубоморна била и поранешната девојка на Кристијано, руската манекенка Ирина Шајк.

Погледнете ги нејзините фотографии и уверете се зошто:

Еве како Новак Ѓоковиќ ги воспитува своите деца

Новак Ѓоковиќ е светски тениски шампион, но и покрај тоа што на сметката има милиони и исто толку обожаватели, тој отсекогаш бил прилично расположен и традиционален и таков е и со неговото воспитување кон двете деца – Тара и Стефан, кои ги има со сопругата Јелена Ѓоковиќ.

Новак често зборува за родителство, но еден дета детаљ се појави токму сега.

Поточно, Новак смета дека сè треба да биде умерено, па таблетите игри и телевизијата во неговиот дом се реткост и им се забранети на наследниците.

Бекам во Кина ќе отвора хотелски комплекс

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам соопшти дека ќе отвори хотелски комплекс, во автономната област Макао во Кина позната како „Источниот Лас Вегас”.

Комплексот на своето мени ќе има понуди од британската кујна, за што задолжен пријателот на Бекам, шеф Гордон Рамзи. На средината ќе има и мала реплика на „Биг Бен“, а надворешноста на хотелот е инспирирана од Вестминстерската палата и Долниот дом на парламентот.

– Лондон е мојот роден град, така што би сакал да пренесам некои нешта што ги сакам оттаму во Макао – тоа чувство за енергија, хуморот, односот кон храната, мебелот и уметнички дела. Тоа чувство е прекрасно, објави на Фејсбук некогашната фудбалска ѕвезда.

Бекам хотелот ќе го отвори следната година. Комплексот ќе има и бутик на два ката, како и трговски центар со 200 продавници за британски брендови.

Популарно