Кој се грижи за стајлингот на Луна Џогани?

Луна Џогани често ја прозиваат за нејзиниот стајлинг кој го носи на настаните на кои се појавува, а сега откри ко кој и помага да ја избере својата облека.

Откако стана пејачка, Луна стана се повеќе провокативна, па затоа често ја гледаме во провокативни изданија.

„Мама е задолжена за мојот стајлинг и стајлингот на моите танчерки. Таа смислува што треба да носиме и ние тоа го наоѓаме. Таа има смисла за сè. Не знам како ја наоѓа, ме облекува мене и моите танчерки и нема грешка. Оставам  се на неа “, откри Луна.

Софија Милошевиќ: Не му го растурив бракот…

Српските медиуми изминатиов период огромно внимание посветуваат на фудбалерот Лука Јовиќ и неговата нова девојка, Софија Милошевиќ. Фудбалерот на Реал по првпат стана татко, па написите за новата девојка најпрво изгледаа како „трач“, но се покажа точно откако се појавија нивните заеднички фотографии.

Нивната врска трае повеќе од два месеци па секој слободен момент го користат како би биле заедно. Во меѓувреме молчењето го прекина Софија Милошевиќ коментирајќи ги озборувањата поврзани со нејзиното име.

„Се спомнуваше уништување на неговиот брак, е вистина е дека Лука никогаш и не бил оженет. Потоа следеа приказни дека сум му ја уништила врската со девојката со која има дете, но тој таа врска ја прекинал уште пред три години. Потоа на ред дојдоа скапите подароци кои наводно сум ги добивала од него… А, единствената вистина е дека сме во врска и сакаме малку приватност. Среќни сме, а тоа е најважно во една љубовна врска“ – вели Софија.

Манекенката дополнува дека врската им почнала спонтано, порачувајќи дека не ја интересираат градските приказни во кои ја „заплеткуваат“.

„Знаете како, успехот е единствената работа која луѓето никогаш нема да ви ја простат“ – порачува Софија, која претходно се забавуваше и со тенисерот Виктор Троицки, со Анте Ребиќ а четири години беше и со Адем Љајиќ.

ФОТО: Тој изгледа неверојатно - никој не верува колку години има

Нова ѕвезда на Инстаграм, чии години никако не может да се поврзат со неговиот физички изглед. Манекенот и фотограф, 52- годишниот Чуандо Тан од Азија изгледа  како момче.

Тој тврди дека редовно вежба и никогаш не се тушира касно навечер, ниту пак рано наутро, а освен тоа обожава пилешко.

-Вежбам секој ден, не користам креми за лице и се трудам да бидам во кревет пред 23 часот, зошто веќе не сум толку млад како што изгледам, рекол тој. Од друга страна пак веројатно тајната е во гените.

Кортни Кардашијан: „Ќе се збогуваме“

Кортни, член на кланот Карашијан, чија реалити програма е една од најпопуларните телевизиски формати од ваков тип, после повеќе од 10 години одлучи да го напушти реалното шоу.

Реалити ѕвездата гостуваше во едно американско шоу каде ја откри причината за нејзината одлука.

„Решив да поминувам повеќе време со моите деца и да надокнадам сè што пропуштивме да направиме заедно“, рече Кортни и додаде дека сепак ќе ја гледаме уште малку.

„Во новата 18-та сезона, ќе продолжам да ви досадувам, а потоа ќе се збогуваме“, истакна таа. Реалити програмата за семејството Кардашијан се прикажува од 2007. година, со досега 17 сезони. 

Популарно