ВИДЕО: Се закануваше на послабо и помладо момче, но не знаеше дека е боксер- горко се покаја

Снимка од тепачка во Казакстан пред влез на зграда покажа како изгледа кога го потценуваш противникот и што значи да се задеваш со погрешна личност.

Имено крупен маж со брада се расправа со значително поситно и помладо момче и се делува како да ја држи ситуаијата под контрола, но во еден момент доаѓа до пресврт.

Наизглед послабото момче било познавач на боречки вештини, па со два удари го нокаутира противникот.

Се здобила со тешки повреди, веднаш била оперирана

Хедер Елизабет Паркхерст завршила во болница откако нејзините домашни миленици, кучиња од растаа пит бул, замалку ќе ја растргнеле.

Плејбој зајачицата во домот во Лос Анџелес има два пит була. Додека го галела 8-месечното куче Бејби, 8-годишниот Буда почнал да 'ржи како да е љубоморен, Кучињата почнале да се напаѓаат едно со друго, а актерката пружила рака да ги запре, па за малку ќе останела без неа.

Актерката се здобила со тешки повреди на раката, меѓу кои скршеници на коските, прекини на лигаментите и длабоки исекотини. Раката ѝ била оперирана, а ѝ биле вградени и шини.

-Ќе ѝ биде потребна најмалку една година за закрепнување, но не се откажува од своите кучиња. Голем борец е за нивните права и ги сака животните и сигурно не сака да се откаже од нив - рекол нејзиниот партнер.

Предлог за денешен ручек

Крцкав компир од рерна со колбаси – одличен ручек!

СОСТОЈКИ:

1/2 кг домашни колбаси

500 гр компири

масло

сол

бибер

рузмарин

оригано

4 чешниња лук

листови магдонос

слатка и лута пипер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирите исчистете ги и исечкајте ги на тенки листови. Посолете, додајте зачини, намастете и измешајте.

Обложете плех со хартија и во средина ставете колбаси. Компирте ставајте ги на куп еден покрај друг во круг околу колбасите. Уште малку прелијте со масло и печете на 200 степени околу 50 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Заев открива: Живеам како cтудент, јадам паштета и салама, не знам ни лепче да испржам

Поранешниот премиер Зоран Заев вели дека е азилант во Скопје и живее сам во премиерската вила.

Во шоуто „Еден на Еден“, кое ќе се емитува во недела, на Канал 5, Заев на Жаре му открил многу лични приказни, велат од продукцијата.

Живеам како студент во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив. Имам две жени што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам. Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да пржам – изјавил Заев.

На прашањето на Жаре, како се храни, тој рекол: Јадам што има во фрижидерот, паштета, салама, виршли!

Заев зборувал и за семејството, за детството во Муртино и за својата прва

работа од која ги заработил првите пари.

Популарно