Спасовски сака камерите да ги стави во функција

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски  обелодени дека камерите поставени на крстосниците, до 2017 година го користела УБК за видео надзор, а не за казнување на сообраќајни прекршоци.

-Стотиците камери низ градот Скопје воопшто не служат за санкционирање на несовесните возачи како што тврдеше поранешната власт, туку до 2017 година се употребуваа исклучиво од Управата за безбедност и контраразузнавање, а не од Јавната безбедност. Потоа создадовме правна рамка, и сега системот е под контрола на Јавната безбедност, сепак тој систем треба да се надогради. Мојата цел и заложба е да направиме сериозен систем, којшто ќе вклучува и камери за сообраќајни прекршоци, на тој  начин ќе го избегнеме човечкиот фактор, селективноста, секој ќе знае дека треба да си ја плати казната  – наведе  министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

(Фото) Патниците во оваа скопска населба наоѓале мир и си ја враќале силата

Приказната за општината Kисела Вода е дека кон крајот на 18 век, на источната страна на денешната општина Kисела Вода, се откриени извори на минерална, кисела вода, кои бликале под карпата на поранешен каменолом.

Патниците таму наоѓале мир и си ја враќале силата за патот што ги очекувал, па полека почнало да се раскажува дека водата е лековита и има исцелителска моќ. Подоцна населението изворот го регулирал со три чешми. До него се изградени црквите „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Никита“, а општината почнала да се вика Kисела Вода.

Кисела Вода е  општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

Популарно