Фото: Зошто оваа девојка е дисквалификувана од изборот за Мис на свет?

Вероника Дидушенко побара промена на правилата за учество на натпреварот во Мис Светот, бидејќи беше дисквалификувана од истиот.

Поранешната Мис Украина, која беше исклучена од натпреварувањето во „Мис Светот“ затоа што е мајка и разведена, изјави денес дека ги тужела организаторите на Светскиот натпревар за убавина за дискриминација во Лондон. 

„Барам промена на правилото“ за „Мис на светот“, рече Вероника Дидушенко (24), откако започна кампања на страницата за социјалните мрежи  #righttobeamother. 

„ Причината поради која не ми е дозволено да учествувам на изборите во„ Мис на светот “. "по победата на" Мис Украина "во 2018 година беше дека сум бил во брак и имале дете ", рече Дидушенко, мајка на петгодишно момче 

таа вели дека, според британскиот закон, "политиката на учество на конкурсот за" Мис на светот " дискриминаторски по повеќе основи,

Според правилата на натпреварот „Мис на светот“, учесниците не смеат да бидат во брак или да имаат деца. 

Вероника Дидушенко веќе беше дисквалификувана од натпреварот Мис Украина од истите причини. 

„Не сакам да ми дадат круна“ на победникот, рече таа. 

„Би сакала да гвидам  Мис Светот’ и други меѓународни церемонии за убавина, кои се чини дека се заглавени во средниот век, да ги укинат сите ограничувања за да станат вистински достапни за  сите жени “,напиша  таа на Инстаграм. 

Организаторите на натпреварот „Мис на светот“ сè уште не одговориле на нејзиниот рејтинг. Финалето на натпреварот Мис Светот во Лондон е на 14 декември. 

Фото: Тој заработува 100 евра од вечер

Машкиот стриптиз  е нешто измеѓу професија и хоби..

Работата низ годините му се зголемува, бидејќи како што вели  соговорникот нема конкуренција. „Кога влегов во оваа работа, имаше поголем број на мажи кои играат стриптиз. Со текот на годините кој се отселил, кој се откажал. Во последните пет години речиси и да немам конкуренција,“ вели стриптизерот со кој што разговаравме. Цената за настап не е зголемена и таа останува иста, 100 евра за вечер. Нашиот соговорник вели дека таа можеби треба да се зголеми, но кога се гледаат приходите на македонските граѓани е сосема пристојна сума кога ќе се подели помеѓу повеќе луѓе. Бакшиш понекогаш има, а некогаш не, а највисоката сума која добил до сега е 250 евра од вечер.

Најчесто го викаат на момински вечери, родендени, забави за испраќање во странство, но и за пензионирање. Но, последните години стриптиз-забавата се прави и без некаков повод.

Најчесто го наоѓаат преку  ФБ  или преку препораки, бидејќи како што вели, најдобрата реклама е самиот настап, како и добрите препораки од пријатели или од луѓе пред кои настапувал.

Во оваа приказна влегол сосема случајно. Неколку недели се спремал за првиот настап, гледал видеа и вежбал, но вели дека едно е кога гледаш а сосема друго кога треба да настапиш. На почетокот настапувал еднаш на два-три месеци, сега неофицијалната сезона е од март до октомври. Рекордот во настапи му е пет за една вечер, а вообичаено има три до четири настапи за викенд.

За да биде згоден и да изгледа допадливо вежба три пати во неделата. Вели дека од многу работи треба да се откажеш и многу треба да се внимава. Навидум е едноставно, но во суштина не е така.

„Јас сум љубител на боемски живот, на кафана но треба да внимавам колку јадам и што пијам затоа што секое запоставување може да направи стомак. Непрофесионално е да отидеш на настап и да не изгледаш добро. Настапот ќе се истера, но никој нема да те препорача. Љубител сум на сончањето летно време, но не можам да си го дозволам тоа бидејќи на настап не можам да отидам изгорен. Треба да биде убаво за око, бидејќи некој те плаќа,“ вели нашиот соговорник.

Секој настап, додава, е приказна сам за себе. Каква ќе биде забавата зависи од него но и од девојките кои го ангажираат. Главно има кореографија на негови песни, но нема против дококолку сакаат различна музика.Настапот трае 20-на минути и според него нема потреба од повеќе, бидејќи целта е да се „убие“ монотонијата, да се додаде нешто ново.

„Колку е пократко, толку е послатко. Да се памти, “ вели тој.

Најмногу ќе го памти настапот за роденденот на Биг Мама, пред седум години кога се нафатил да настапува во улога на полицаец, а настапот бил договорен во кафуле во Стара Чаршија.

„Пред секој настап пијам една или две пијачки за да се опуштам и загреам. Облечен како полицаец пиев виски пред настапот на терасата на кафулето. Во тој момент поминаа двајца полицајци.  Ме поздравија со здраво колега, им возвратив, ама се обидов да им објаснам дека не сме колеги. Почнаа да ме легитимираат. Во меѓувреме им се јавив на организаторите на забавата да излезат од кафулето. Не ме казнија, но убаво ми кажаа дека кога ќе имам настап, надвор да бидам облечен во цивилна облека“, раскажува тој.

Ќе го памети и настапот во Прилеп кога прв пат настапил во ресторан каде што биле присутни 150 жени, без да знае дека треба да игра во толку голем простор, пред толкав број. На настап на брод во Охрид се почувствувал дека има спасувачка мисија, бидејќи фатило невреме, па сфатил дека има мисија да ги спаси девојките за да не паднат од брод.

Најчесто настапува како Зоро, но го бараат и како полицаец, војник и доктор.

За овој пазар ќе каже дека не се поминуваат границите во стриптизерството и за време на настапите, и се е во рамките на нормалното однесување.

„Свесен сум дека годините поминуваат и дека понатаму ќе ми треба сериозна работа. Но исто така можам да кажам дека и луѓе на 40 години изгледаат подобро од 20-годишни и можат слободно да играат како стриптизери“, вели тој.

<p>За успех во оваа професија ја смета комбинација од тоа добро да танцуваш и да имаш добро тело.</p>

<p>„Оваа професија ја сфаќав како хоби се до оној момент кога ми се јавија родители од Куманово, за јас како Дедо Мраз да дојдам кај друштвото на нивната ќерка и да ја изненадам. Имав и други слуачи кога бев ангажиран од родители, но во последно време, ме ангажираат и сопрузи за нивните сопруги, или пак момчиња за девојките“, додава тој.</p>

<p>Неговите девојки немаат проблем со неговата работа и секогаш од нив имал само поддршка, а многу пати го препорачувале на нивно друштво.

Виц на денот

Внукот му се доверил на својот дедо дека му се оди на одмор, некаде нагоре, Хрватска, Италија…. Дедото ја слушнал желбата и му рекол:

– Јас никогаш подобро не сум си поминал отколку во Трст. Тоа беше незаборавно! Еднаш влеговме во кафана, испивме се што имаше, ги свртевме сите жени и на крај од бес ги извадивме и се измочавме на шанк. И никој ништо не ни кажа!

Внукот се попалил, отишол во Трст и за 15 дена се враќа дома, помодрен од ќотек.

– Ама што се случило?

– Море да ти ебам и Трст и сè. Направивме исто како и ти. Некако не толерираа со пијачката, со жените не ни одеше баш најдобро ама кога ги извадивме да се измочаме на шанк ни рипнаа и не сoкапаа од тепање.

– Внучко, а со кого беше?

– Па, со еден другар. А ти со кого беше во Трст?

– Па и јас бев со другарите, со Мирко, со Славко, со партизаните…

Дневен хорoскоп

Овен

Вашите очекувања во овој момент се големи, но нереални. Поставете си себеси помали цели за да не се разочарате.

Не сакате на саканата личност нешто да и недостасува. Од тие причини и посветувате многу емоции и внимание.

Можна е вртоглавица.

Бик

Работното окружување не ви е наклонето, но во такви услови се трудите да ја покажете својата вредност.

Развивате нови емоции кон личноста која релативно скоро ја имате запознаено. Самите сте свесни дека тие не се најреални.

Добро се чувствувате.

Близнаци

Препреките кои се јавуваат денес ќе успеете да ги надминете со помош на личност родена во воздушен знак.

Вашата самодоверба и опуштеност ќе ви донесе многу флерт и нови познанства. Вашето однесување ги освојува другите.

Немате проблеми во здравјето.

Рак

Ако сте во улога на шеф, во овој период се чувствувате како да го губите авторитетот и ги преиспитувате своите одлуки.

Ви недостасува доверба во врската. Сакате да бидете поблиски, но тоа не е возможно.

Хронични проблеми.

Лав

Во последен момент ќе ги решите проблемите на полето на работата со помош на личност од странство.

Иако пробувате да уживате во слободата, тоа не ви одговара, во себе сте несреќни.

Бидете поактивни.

Девица

Денешниот ден е одличен за работа.

Во вашата врска се појавуваат нови компликации. Ако вашиот партнер е личност родена во огнен знак, може да дојде до прекин на врската.

Внимавајте на бубрезите.

Вага

Ве очекуваат многу предизвици за кои не сте подготвени, а многу очи се вперени во вас.

Не сакате сериозна врска сега, а такви понуди ви доаѓаат од многу страни.

Проблеми со уринарниот тракт.

Шкорпија

Лесно ќе ги решавате проблемите на полето на работата. Вашиот стрес се намалува.

Моменталната љубовна ситуација ве прави разочарани. Врската не ви оди како што сакате.

Имунитетот ви е ослабен.

Стрелец

Додека не се ослободите од старите обврски, тие ќе бидат со вас. Решете ги брзо.

Ситуацијата на полето на љубовта се менува. Ако сте сами, можно е денес да остварите значајно познанство.

Забрзана работа на срцето.

Јарец

Можни се загуби за оние кои се занимаваат со трговија, комуникации или транспорт. Денес е подобро да не вложувате многу.

Чувствувате дека ги исцрпувате своите емоции, подготвени сте на тоа за да ја зачувате врската.

Болка во градите.

Водолија

Лесно ќе ги решите сите проблеми кои се јавија овој период. Поволен ден за работа.

Партнерот наоѓа причина за расправии, но вие не сте расположени за тешки зборови. Размислувате за прекин на врската.

Проблеми со синусите.

Риби

Потребно ви е време за да се навикнете на промените кои се случија во вашето окружување. Тоа ви паѓа тешко.

Свесни сте за мааните на вашата врска, но сепак сакате да се борите за љубовта.

Зголемен апетит.

Популарно