Како до чиста и здрава кожа?

Куркумата е билка која потекнува од семејството на ѓумбирот. Но, нејзините бројни лековити својства сè уште не се целосно откриени и една од најлековитите и најдрагоцени зачини на светот. Куркумата помага при разни кожни заболувања, ја ублажува воспалената кожа, ја намалува хиперпигментацијата, му дава здрав сјај на лицето и се бори против слободните радикали.

Пилингот од куркума е одличен за кожата бидејќи длабински ја чисти, успешно ги отстранува сите мртви клетки и другите нечистотии од површината на кожата, ја поттикнува циркулацијата и го спречува настанувањето на акни.

По редовното користење на овој пилинг ќе забележите одлични резултати. Имајте на ум дека сè што ставате на вашата кожа продира во вашиот крвоток за само 20 минути, па затоа е подобро да користите само природна козметика.

Пилинг од куркума

Потребни состојки:

• ½ лажичка куркума

• ½ лажичка брашно (јачменово, ‘ржано…)

• неколку капки вода или хидролат

Припрема и употреба:

Припремете ја смесата непосредно пред употребата. Измешајте го правот од куркумата заедно со брашното и додадете неколку капки вода за да добиете хомогена смеса. Со кружни движења вмасирајте го пилингот на лицето, вратот и деколтето, а потоа измијте со млака вода.

Напомена: куркумата има силна жолта боја па затоа е потребно добро да го измиете лицето со цел да ја избегнете појавата на жолти дамки.

Ова е одлично за секое утро

Одлучете вие кога сакате да го пиете овој здрав и вкусен пијалок, во зависност од тоа дали ви е потребна дополнителна енергија или за закрепнување.

Ова смуди е вистинска витаминска бомба и речиси веднаш ќе ја поттикне вашата енергија на повисоко ниво, благодарение на хранливото богатство на состојките од кои е направено.

Потребно е:

3 портокали, половина лажица брусница (свежи или замрзнати), половина банана, 1/4 лажица грчки јогурт, малку екстракт од ванила

Излупете ги бананите и портокалите, исечете ги на помали коцки, и заедно со сите други состојки, ставете ги во блендер. Кога сè ќе се соедини убаво и ќе стане хомогено и течно, истурете во чаша и веднаш испијте. Корисниот ефект ќе се почувствува после половина час.

Предлог за денешен ручек

Рендана компир пита

СОСТОЈКИ:

1,5 кг. компир

пола шолја пченкарно брашно

пола шолја бело брашно

пола шолја масло

пола прашок за пециво

2 јајца

сол и бибер

ПОДГОТОВКА:

Се мие, се лупи компирот и се ренда со ренде.

Се загрева рерна на 180 степени и се става да се загрее намастена тепсија.

Се соединуваат сите состојки во плехот и се рамнат, па се става да се пече 30 минути.

Се сече на коцки.

Супер е со јогурт и кисело млеко.

Предлог за денешен ручек

Компир паприкаш со грашок

СОСТОЈКИ:

200 гр кромид

100 мл масло

400 гр грашок

100 гр моркови

сол

ловоров лист

600 гр компири

1 лажица ситна црвена пипер

1,500 мл вода

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Издинстајте сечкан кромид на масло, додајте ги сите останати состојки, компир на коцки, морков на кругови

Крчкајте околу 35 минути, на крај пројбајте, ако е потребно досолете.

Популарно