Бранка Соврлиќ: „Џабе ми е шо имам милиони, кога немам деца“

Српската пејачка Бранка Соврлиќ која има 65 години за време на својата кариера стекнала големо богатство, но искрено признава дека жали за тоа што не се остварила како мајка.

Бранка и нејзиниот сопруг поседуваат неколку луксузни станови во Белград и Сараево, како и ресторан, но материјалниот статус не може да им ја надомести тагата поради тоа што немаат деца.

„Паја, односно Садик Пашиќ, мојот сопруг и јас, стекнавме многу. Без лажна скромностт, ние сме милионери, но би сакала да имам многу помалку, а Бог, односно таа виша сила, судбината, да ни подареше деца, односно барем едно дете. Вака некој би рекол џабе ни е се. Едноставно немавме среќа во совршениот брак со многу љубов и разбирање да станеме и родители. Бог изгледа не дава се“, раскажала пејачката.

Бранка, инаку својот сопруг го запознала на еден од своите настапи.

ФОТО: Поранешниот сопруг на Карлеуша процвета

Поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша буквално „процвета“ пишуваат српските медиуми.

Станува збор за првиот сопруг на пејачката Бојан Кариќ кој се прослави со бракот со пејачката во 2004 година, а сега е со Маша со која има две деца.

ФОТО: Сека објави фотка од синчето, а сега и од неа

Познатата српска пејачка Сека Алексиќ вчера се породи и на свет го донесе својот втор син Јован.

Откако таа сподели фотографија од бебето, денеска е ред фановите да видат како изгледа и неговата мајка по породувањето.

Имено пејачката пред неколку минути сподели фотографија со нејзиниот сопруг како и со бебето кое се роди вчера.

-На Господ се заблагодаруваме секоја минута, секоја секунда за овој дар! Благословен да бидеш сине наш, нека Свети Јован те штити каде и да се движиш во животот, мама и тато се тука да се грижат за тебе и да те негуваат како и брат ти Јаков. Имаш вистински заштитник дома кој со нетрпение те чека, твојот брат, напиша Сека.

Популарно