Тамара Тодевска: „Тоа беше период кога требаше да бидам горда, а јас бев затворена во четири ѕида“

Македонската пејачка Тамара Тодевска која на овогодинешната прослава на Денот на независноста во американската амбасадаво Скопје со своја „верзија“ ја испеа македонската химна од која ги исфрли стиховите во кои се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.

Тоа предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Во интервју за за Wiwibloggs, Тодевска првпат проговори за случката со химната и откри низ што поминала:

„Беше ненамерна грешка и омразата започна. Ме мразеа толку многу! Тоа беше период кога требаше да бидам среќна, горда на себе, а јас бев затворена помеѓу четири ѕида. Се прашував што се случи…

На луѓето кои ме знаат им е јасно дека никој не може да ми каже што да правам. Едноставно згрешив, не беше професионално, но сите грешат. Ова е прв пат да зборувам за тоа, но многу им бев лута на моите луѓе. Тие веруваа дека јас сум се продала. Тие заборавија се, само по два месеци! Велат дека жирито гласало за мене бидејќи го променивме името, не, тие гласаа за нас бидејќи бевме добри“ кажа Тамара и првпат проговори на оваа тема.

ФОТО: Таа не сака ни да стои покрај него

Кога Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташке слетаа на аеродромот во Белград, тие не оставиле впечаток дека сè е во совршен ред. Иако често ги фотографираат како одат рака под рака во јавност и се насмевнуваат, овој пат не беше така.

Како што српски „Ало“ го пренесува пишувањето на „Свет“, сопружниците се однесувале како странци.

Извор на местото на настанот објаснил дека пејачката одела пред Ташкет, без да каже ниту збор, а нејзиниот гнев се гледал на лицето.

Додека нејзиниот сопруг ја туркал натоварената количка зад неа, Миљковиќ само ја носела својата торба и влегла во автомобилот побрзо, оставајќи го тој да го натовари багажот.

Пејачката цело време била намуртена, а не е познато дали двајцата се скарале за нешто или дали некој друг ја изнервирал.

Карлеуша објави фотографија со Тоше Проески која досега ја немаме видено

Денес се навршуваат 39 години од раѓањето на Тоше. Тој ни остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари многу љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек.

Карлеуша и Тоше беа многу добри пријатели и колеги. Спомените од времето кога се дружеа таа реши да ги сподели со своите обожаватели и следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Во продолжение погледнете ја објавата на Јелена:

Популарно