Убиство во Прилеп, 51 годишен маж ја уби сопругата и нејзината мајка

Убиство во Прилеп, 51 годишен маж ја уби сопругата и нејзината мајка

Во 08:05 часот било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“, во куќа сопственост на Т.К. се слушнале истрели од огнено оружје. Од страна на полицијата на лице место биле пронајдени А.П.(41) и Т.К (мајка на А.П.) со прострелни рани а во другата соба од куќата е пронајден П.К. (дедо на А.П.) со прострелна рана во стомакот. Од страна на доктор е констатирана смрт кај (А.П.) и (Т.К). Под сомнение дека е сторител на убиството е 51 годишниот (Н.П), сопруг на (А.П.). Истиот е приведен од страна на полицијата. Повредениот (П.К) ќе биде пренесен во МЦ-Прилеп.

Маж загина откако со четирицикл падна во река

Скопјанец загинал откако управувајќи со четирицикл паднал во река, информира МВР.

-Вчера во околу 19:40 часот пријавено е дека  на локален пат во село Глуво, скопско, 43-годишниот Г.Ј. од село Глуво, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал во Бањанска река, по што бил изваден од случаен минувач, а од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција - соопшти полицијата.

Тензии во амбуланта во Бутел – донесено починато лице, лекарите со часови чекале тестирање за Ковид-19

Со часови вработените во приватната амбуланта Викторија во општина Бутел чекаа да бидат испратени екипи од Институтот за јавно здравје за да земат брисеви откако во оваа здраствена установа било донесено лице кое веќе било починато.

ТВ21 го запраша сопственикот на амбулантата што точно се случило, но тој не сакаше да даде изјава во камера. Сепак, ни објасни дека веднаш побарал да дојдат екипи за да се направи контрола дали починатиот имал корона, но оттаму му рекле дека лицето бидејќи е починато нема потреба да доаѓаат. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека истите правила важат и за починати лица и дека и тие треба да бидат тестирани.

„Апсолутно не се прави индикација за тестирање само врз основа на анамнеза, еве може и од членови на семејството, ако станува збор за конкретниот случај и врз основа на таа епидемиолошка анкета, за која што податок може да дадат и членови на семејството. Во смисла на индикација за тестирање на починати лица важи постмортем, важат истите правила“, истакна Венко Филипче.

Безживотното тело во амбулантата било донесено во 12 часот и 30 минути запишале докторите и сестрите кои веднаш интервенирале и се обиделе да помогнат, но веќе било доцна. Пациентот бил на околу 65-годишна возраст и не давал знаци на живот, стои во изјавата. Починатиот бил донесен од соседите, бидејќи како што ни изјавија, неговиот син бил во Битола, а другите роднини во странство. Кога екипата на Тв21 пристигна таму, сопственикот на амбулантата беше загрижен и инсистираше да се тестира починатиот со оглед на вонредната состојба со корона вирусот, а особено поради тоа што и целиот медицински персонал, но и соседите на починатиот биле во директен контакт со него. Освен полицијата и дел од лекарите внатре не се пушташе никој, амбулантата беше затворена, а сопственикот рече дека нема да се примаат други пациенти се додека не се утврди дали починатиот имал корона.

Рече дека доколку Институтот за јавно здравје не прифати да го тестира починатото лице, ќе бара приватно да се направи. Инаку според кажувањата на соседите починатиот имал хронична астма, а во последно време и многу кашлал.

Последните информации велат дека телото е земено на обдукција да се утврдат причините за смртта.

Сведоштво на нападнатата девојка од Штип: Почнаа да ме тепаат од кај “Тоше” па ме однесоа во зградата

Новинарот Фуркан Салиу објави потресно сведоштво на девојката која двајца штипјани со клоци и тупаници брутално ја тепаат.

Полицијата вчера постапи по допрен глас, односно откако на Фејсбук група беше споделено видеото на кое се гледаше како во влез во зграда брутално ја тепаат двајца мажи. Тие за кратко време беа идентификувани и приведени, и се чекаат понатамошните постапки од полицијата, обвинителството и судот.

Случајот наиде на жестоки реакции на социјалните мрежи, а граѓаните бараат најстроги казни за насилниците.

Популарно