Струмичката слаткарница ЕЛ-РИМИ постави закачалка на добрината – „Ако имаш донеси, ако немаш земи си“

Човечноста уште не е изгубена кај некои луѓе Доказ за тоа е слаткарницата ЕЛ-РИМИ кои поставија закачалка на добрината под мотото: „Ако имаш донеси, ако немаш слободно земи си“. Апелираме сите оние кои имаат повеќе нека однесат на закачалката на добрината, а оние кои немаат и навистина им е потребно да се послужат од истата. Инаку, ЕЛ-РИМИ се наоѓа во Василево.

Браво добри луѓе, секоја чест!

Izvor: vrabotuvanje.com

Заборавените херои во борбата со ковид-19: портрети на вработените во Итната медицинска помош

Ова е дел од тимот на Службата за итна медицинска помош во Скопје кој во саботата (06.06.2020) работеше 12 часовна смена од 7 наутро до 19 часот попладне услужувајќи огромен број граѓани на главниот град. Најголем дел од повиците беа од лица за кои се сомнева дека се заболени од ковид-19, болеста што ја предизвикува новиот коронавирус.

Овие луѓе се хероите, кои први доаѓаат во контакт со болеста и се жртвуваат себе си за да им помогнат на своите сограѓани. За жал, нивната саможртва ретко се споменува во медиумите и на социјалните мрежи.

Др. Александра  Пејовска

Сестра Ајза Чајани

Сеад Абази-возач

Сестра Марина Иловска

Др Силвана Михајловска

Извор:https://meta.mk/

Маленко „Во Охрид на викенд, одмор, исклучиво со негативен корона тест не постар од 72 часа“

Поранешниот пливач Александар Маленко, ги користи социјалните мрежи за „дискусија, коментари и предлози“ околу актуелни теми за својот роден град Охрид.

Вчера и денес имаше големи полемики на социјалните мрежи околу тоа дали жителите на Скопје требаше масовно да одат во Охрид, но и во други места низ државата и со тоа можеби да придонесат за ширење на вирусот и онаму каде што во моментов го нема.

Еве што денес напиша Александар МАленко на актуелната тема:

„Колку е политика длабоко навлезена во секоја пора од нашево општество доволно говори факт што Градоначалник на Охрид не најде за сходно да излезе навремено (Среда, ден пред да се соопштат мерки од Влада и Портпарол Вилипче) на прес конференција во заштита на свои сограѓани, совесни граѓани и соопшти :

Секој е добредојден во Охрид на викенд, одмор, исклучиво со негативен корона тест

не постар од 72ч.

Дезинфекција 10 еуро за секој автомобил, како и 5 еуро туристичка такса по лице.

И да, ќе беше нападнат од разно разни куртон новинарчиња, партиски портали и медиуми, ама со одговор од две реченици ќе им затнеш муцки напучени полни само со рекла казала.

Затоа што се грижам за здравје на свои сограѓани во време на светска пандемија-COVID 19, и имам потполно право да донесувам одлуки од локален карактер.

Затоа што сопственици на викенд куќи и станови не плаќаат ѓубретарина,комуналии и вода (исклучок 2% совесни граѓани)

Затоа што надвор од МКД ѓи плаќате сите нови туристички такси воведени секое лето, па така ќе мора и дома совесно да постапувате.

Ама Ти Градоначалник не можеш ова да го направиш затоа што си само обична восочна фигура, партиски полтрон и немаш свое Јас!“

Водителот мораше да оди на опера..а

Војо Недељковиќ, водител на “Ѕвездите на Гранд“, примен е во Клинички - болнички центар “Бежаниска коса“.

“Ќе биде подобро. Дојде време за мала генералка. За тоа време, доволно време за размислување. Чувајте се“, напишал водителот на фотографијата од болничкиот кревет.

Како што се дознава, Воја имал камен во жолчка, но несакал да оди на операција.

Популарно