Од кога започнува да се намалува плодноста кај жените?

Од кога започнува да се намалува плодноста кај жените?

Ова е прашање кое постојано си го поставуваат  припадничките на понежниот пол.

Неретко, не ги земаме предвид неколку клучни фактори кои најчесто влијаат на зачнувањето – начинот на живот, исхраната, стресот под кој се наоѓаме во секојдневието.

Додека мажите не мораат да се грижат за нагло намалување на плодноста, во случајот кај жените, шансите за успешно забременување се намалуваат постепено после 30-тата година, а нагло паѓаат по 40-тата.

Верувањето дека плодноста кај жените нагло се намалува после 35-тата година, според најновите истражувања е преувеличување.

Ова верување се темели на еден извадок од минатата деценија за попис на француското население направен во периодот помеѓу 1670-та и 1830-та година.

Едно друго истражување, исто така старо 15 години, сведочи за речиси идентична плодност кај жените во 20-тите и во 30-тите години.

Ова истражување открива дека дури 82% од жените на возраст од 35 до 39 години забременуваат во период од една година, додека кај жените на возраст од 27 до 34 години оваа бројка е 86% (значи многу е мала реалната разлика во процентите на период за забременување).

Според последните истражувања, вистинската возраст кога плодноста кај жените започнува да се намалува е после 40-тата година во животот.

Фото: Како Дејан Миличевиќ се „стопи“?

Откако беше на операција за „намалување “ на желудникот  Дејан Миличевиќ продолжи да јаде здраво за да ја одржи сегашната тежина.

Познатиот фотограф Дејан Миличевиќ имаше повеќе од 140 килограми и потоа реши да отиде на операција, за „намалување “ на желудникот.

Откако ослабе 20 килограми, тој очигледно не сака да се здебели повторно , па токму затоа сега јаде здраво. Од страна на „папарацо“ беше  фотографиран на паузата од снимање  на едно шоу, тој од торбата извади „шејк“ за  оброк.

Пијалокот, како што откриваат порталите, бил направен според рецепт на лекар. Миличевиќ не отстапува од тоа дури и кога има обврски.

Фото:Таа не ги миела забите 15 години

Факт е дека луѓето поради страв од стоматолог, ја запоставуваат посетата на стоматолог и грижата за своите заби. Покрај тоа оралната хигиена голем број на  луѓе не ја одржуваат правилно.

 Никол тврди дека  цели 15 години ги нема миено своите заби. Кога ги покажала своите заби сите останале шокирани. Која е тајната?  Таа открила дека секој ден после оброк јадела по едно јаболко и толку. Стоматолозите  со мали интервенции кај Никол состојбата ја довеле до совршнество и „признале“ дека сепак јаболкото кај Никол направило чудо.

Димитар Андоновски има голема причина за честење: Радост во семејството на пејачот

Македонскиот пејач Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина, пред три години ја дочекаа нивната најголема среќа во животот. Пред точно три години се остварија во улога на родителите. Се родни нивниот прв син Михаил.

Од тој ден во нивниот дом радоста и среќата се на најголемо ниво.

Димитар е често активен на социјалните мрежи, па така често имаме прилика да видиме некој заеднички момент со семејството, како ужива во семејна атмосфера, посебно со синчето кое е негова најголема радост.

Пејачот досега неколку пати има споделено на социјалната мрежа Инстаграм како неговиот син пее на микрофон, а дали ќе го наследи неговиот татко се уште е рано за предвидување.

Овие денови семејството на Димитар имаше прекрасен повод за славење. Нивниот син Михаил го прославуваше третиот роденден во една игротека.

По повод роденденот на Михаил, пејачот на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира со сопруга и синот, а во описот на истата напиша;

„Пред 3 години Бог ни го подари најголемиот Благослов, ни ја даде смислата на животот. Ти благодарам Господе што го имаме најпрекрасниот син на светот. Среќен роденден Михаил“.

Од фотографиите можеме да забележиме дека синот на пејачот имал убав роденденски ден исполнет со убава енергија, желби и со многу љубов.

Ние му пожелуваме среќен роденден на Михаил, да е жив и здрав, голем да расте.

Популарно