ФОТО: Поранешната сопруга на Кајмакоски доби романтично изненадување пред врата

Поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски, мисицата и модел Кристина Димитријовска, која се проба и во водите на музиката, доби неверојатно изненадување пред својата врата со кое се пофали на социјалните мрежи.

Моделот не откри дали со подарокот има и посвета и картичка, ниту покажа од кого е изненадувањето, туку само сподели фотографии.

Стоечки овации и пет минутен аплауз за Медена земја на Златна бубамара

Наградата за интернационален успех во областа на филмот на овогодишното 23то издание на Златна бубамара на популарноста го доби македонскиот кандидат за оскар Медена земја, а наградата на сцената ја подигнаа дел од екипата која работеше на филмот како и двете семејства за кои се зборува во филмот.

Преполната сала со стоечки пет минутни овации и аплауз ги дочека на сцената Атиџе Муратова, Љутвие со дел од децата како и режисерката Тамара Котевска и Фејми Даут.

Како што истакна и режисерката тие не стигнаа да го освојат оскарот во Холивуд, но оваа награда им значи дури и повеќе, па решија наградата да ја примат онака како што мислеле тоа да го направат во Долби театарот во Холивуд – со песна изведена од насмеаната Атиџе.

Српската пејачка ги извади силиконите на 62 години

Српската пејачка Драгица Радосавлевиќ Цакана (62) призна дека неодамна ги извадила силиконските импланти, а сега веќе повтоно планира да направи нова корекција на своето тело.

Иако веќе ја гази седмата деценја таа не заостанува зад своите помлади колешки, но сепак е во потрага по добар хирург кој би можел да и ги „измазни“ брчките на вратот. Таа признава дека со тоа би го решила проблемот кој и го содадоа годините.

- На лицето немам никаква корекција и немам намера да направам нешто. Не сакам ништо спектакуларно да менувам само да го „средам“ вратот, ако постои таква корекција. Многу ме нервира тој врат, но само да не трпам болки, нека ме успијат, па ако треба и со чекан по глава- се шегува пејачката.

ФОТО:Лени и Зои Кравиц на ревија во Париз

Лени и Зои Кравиц беа меѓу специјалните гости на ревијата на Сен Лоран во рамките на Париската недела на модата. Како верни обожаватели на естетиката на овој бренд, 55-годишниот музичар и 31-годишната актерка и пејачка ја проследија ревијата од првиот ред и привлекоа големо внимание.

Популарно