Маја била сведок на трагедијата на Коби!

Маја Виличиќ по потекло од Сплит,  веќе долги години живее и работи во Америка, синоќа била блиску до хеликоптерската несреќа во која животот го загуби легендарниот Коби Брајант.

Иако се уште со сигурност никој не може да каже која е причината за трагедијата во која животот го загуби Коби и неговата ќерка Џиана, се претпоставува дека причината била густата магла.

„Никој во Калифорнија не може да поверува дека Коби по вакво време влегол во хеликоптер. Веќе неколку дена овде има густа магла, особено на утро. Маглата е толку густа што може да се „сече“ со нож. Поради тоа веќе неколку дена доцнат летовите на главниот аеродром во ЛА. Медиумите овде тврдат дека маглата е главната причина за трагедијата“, објаснува Маја од Лос Анџелес.

Маја живее многу блиску до местото каде се урна хеликоптерот во кој беше Коби, неговата ќерка и уште седум други луѓе.

„Живеам некои 20-ина километри од местото на несреќата и околу 20 минути возење со автомобил. Еве точно сега додека ние зборуваме јас шетам и секаде околу мене е магла. Во овој дел од градот живеат богати Американци, а местото е помеѓу Малибу и Санта Моника“.

„Подрачјето Калабасас е многу брдовито и веројатно хеликоптерот удрил во ридот кој пилотот не можел да го види од маглата. Страшна трагедија, Коби беше една од најголемите легенди на градот Лос Анџелес“, открива Маја.

Коби Брајант кандидат за влез во кошаркарската Куќа на славни

Трагично починатиот НБА кошаркар Коби Брајант е еден од осумте кандидати за влез во кошаркарската Куќа на славните. Коби Брајант се најде на конечната листа со предлози што е обелоденета за време на Ол стар викендот во Чикаго.

Брајант освои пет шампионски прстени во кариерата и 18 пати учествуваше во Ол стар викендите. Покрај него, за Куќата на славни се номинирани и Тим Данкан, Кевин Гарнет и Тамика Кечингс од женската НБА лига.

Останатите четворица се Ким Малки, тренер на женската колеџ екипа Бејлор, Руди Томљановиќ, Барбара Стивенс и Еди Сатон.

За влез во Куќата на славни се потребни 18 гласа од Комисијата со 24 члена. Резултатите ќе бидат објавени на 4 април додека во Куќата на славни во Спрингфилд е закажана за 28 и 30 август.

Продолжува бесплатниот превоз за студентите

На 9-тата седница на Владата донесени се повеќе одлуки за да се обезбеди континуитет на програмите и работата на институциите по распишувањето на изборите.

На истата седница усвоена е одлуката за одобрување средства од Буџетот на Министерството за образование и наука за 2020 година, наменети за субвенционирање на бесплатниот градски превоз за редовните студенти на државните универзитети, соопшти Владата

На синоќешната седница е усвоена и Предлог – програмата за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2020 година, за да се задржи континуитетот на процесите за изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски објекти во повеќе општини како Охрид, Куманово, Липково,...

За да го обезбеди редовното и непречено функционирање на студиските програми за 2020 година на Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски" – Скопје, придружна членка на Универзитет „Св. Кирил и Методиј" – Скопје, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, и на Факултет за Исламски науки – Скопје, Владата донесе одлука за одобрување средства кои на овие високообразовни институции им се одобруваат квартално.

Пајак службата „руши рекорди“

Вкупно 222 возила биле собрани од страна на „пајаците’’ на Градскиот паркинг во текот на изминатава недела од јавните површини во Скопје. Од ова претпријатие информираат дека од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 38 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 184 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци.

Возилата најчесто биле непрописно паркирани на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин ,тротоар,зелена површина, спротивно на сообраќаните знаци…

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 359 возила, поради нерегулирано паркирање- односно за неплатена паркинг услуга.  Од нив 38 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Не е познато дали до Град Скопје стигнуваат апелите од скопјани дека паркирањето е прескапо и дека паркинзите се недоволно одржувани.

Останува секако дилемата дали има доволен број на паркинг места во Скопје, земајќи ја во предвид неконтролираната урбанизација на централното градско подрачје изминативе години, и недоволен број на паркинг простор за граѓаните.  Исто така треба да се  земе во предвид дека се  даваат дозволи за стопансисување на  разни угостителски и трговски објекти без уреден  паркинг простор за посетителите.

Очигледно не  е решение само пајак службата.

Популарно