Турција окована во студ и мраз: Вака луѓето ги чуваат своите автомобили од студот ShareБалкан на 2.2020Во Сивас, северо-источна Турција, температурите се спуштија дури на минус 28 Целзиусови степени. Езерата и рибниците се замрзнати, како и приватните автомобили паркирани надвор. Некои граѓани се обидуваат да ги заштитат со ќебиња и најлон. ShareTwitter Коментирај
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиштеБалкан пред 2 часаНаселба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште. Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат. Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.ShareTwitter Коментирај
Видео: Во Хрватска падна снегБалкан пред 3 часаНа подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка. Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1. ShareTwitter Коментирај
Меѓународна полициска акција во БиХБалкан пред еден денВо Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“. Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица. Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол. Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.ShareTwitter Коментирај
Балкан Мало девојче, жртва на меѓународна трговија со луѓе пронајдено во автобус на границата меѓу Хрватска и БиХ
Естрада Аца Лукас: „На венчавката ја изневерив бремената сопруга – после тоа таа со насмевка ѝ честиташе на мојата жена“
Се и сешто Полицијата го уапси откако го фатиле на лице место како купува дрога, од деталите во шок и најблиските пријатели