Предлог за денешен ручек

Компири од рерна

СОСТОЈКИ:

6-7 компири

1 лажица маргарин

1 лажица масло

2 чешни лук

сол, бибер и црвен пипер

ПОДГОТОВКА:

Се пресекува компирот на половинки и се става на намастаен плех.

Се пече на 200 степени на загреана рерна.

Се ставаат сите состојки за премачкување во сад и се премачкува компирот на пола печење, па се допекува да фати кора.

Извор: Готви.мк

Научниците веруваат дека најризичното место во домот за пренесување коронавирус е ...

Научниците веруваат дека најризичното место во домот за пренесување коронавирус е тоалетот.

Неодамнешното тестирање спроведено во еден домот каде што бил изолиран пациент заразен со коронавирус покажало дека тоалетната шолја, мијалникот и кваката од тоалетот се позитивни на вирусот, што ја зголемува можноста дека уште еден начин на пренесување на вирусот би можело да биде преку фекалиите.

Претпоставката на научниците дека тоалетот е најризичен, лежи во фактот што по повлекувањето вода во тоалетот, вирусот се шири во просторијата и контаминира и други подрачја во близина.

Истражувањето на доктор Сеана Веи Ксианг Онга од Националниот центар за инфективни болести во Сингапур покажало и дека на поголемиот дел од заштитната опрема на негувателите, како и во ходникот во домот, не било забележано присуство на вирусот.

Долго се задржува во фекалии

„Кога размислуваме за начините на пренесување коронавирус, тоа не е првата работа што би ни паднала на памет пред ова истражување. Очигледно мора дополнително да се посвети внимание на дезинфекцијата на тоалетот по секоја употреба, како и детално миење раце по извршување нужда“, предупредува доктор Аарон Глат, директор на болницата „Монт Синаи Саут Насау“ во Њујорк.

Коронавирусот мутира побавно од грип

Трошка надеж во сеопштата криза предизвикана од коронавирусот би можело да биде откритието на научниците кои го следат ширењето на епидемијата. Имено, SARS-CoV-2 мутира побавно од другите респираторни вируси, како грипот.

Овој заклучок на експертите има две импликации и двете се позитивни. Тоа значи дека вирусот е стабилен во својот моментален облик и веројатно нема да стане поопасен како се шири. Второ, вакцината против вирусот веројатно ќе биде ефикасна на подолг временски период. 

Таква вакцина би пружала повеќегодишна заштита, како онаа против мали сипаници, за разлика од вакцината против грип која штити една сезона.

Питер Тилејн, молекуларен генетичар од универзитетот Џон Хопкинс, за Washington Post рекол дека анализата на илјадници примероци на коронавирусот покажала само 4-10 генетски разлики меѓу соевите кои ги заразиле Американците и оние кои ги заразиле Кинезите на почетокот на годината.

„Во овој момент стапката на мутација сугерира дека вакцината против коронавирусот би се примила еднаш, за разлика од вакцината против грип која се прима секоја година", објаснил тој.

Постабилен од грип - Сите вируси мутираат со време. Како се размножуваат, се случуваат грешки во нивниот генетски код, а потоа се шират низ популацијата.

Таквите мутации го раздвојуваат вирусот на различни соеви, но често на влијаат на тоа колку е заразен и колку лесно се шири. Меѓутоа, мутациите им помагаат на научниците да следат како вирусот се движи низ човековата популација - тие се како генетски трошки леб кои оставаат трага.

Изгледа дека новиот коронавирус не мутира многу. Суптилните промени во геномот се случиле, но вирусот се појавил во ист облик каде и да се проширил низ светот. Секој сој е речиси идентичен.

Ендру Рамбут, молекуларен еволутивен биолог од Универзитетот во Единбург, рекол дека SARS-CoV-2 во просек акумулира една до две мутации месечно.

„Тоа е околу два до четири пати побавно до грипот", додал тој.

Наспроти тоа, вирусот на групот мутира еднаш во 10 дена преку својот геном. Повеќето од тие мутации се безначајни, но повремено се случуваат и такви кои влијаат на способноста на човековиот имунитет да се одбрани.

Тоа е причината поради која се прават нови вакцини против грип секоја година.

Но, ако може да се верува на досегашните сознанија, тоа нема да биде потребно бидејќи тој нема да мутира секоја година.

Грипот има еден трик во ракавот кој коронавирусите го немаат - геномот на вирусот на грип е поделен во неколку сегменти, од кои секој носи генетски код. Кога два вируси на грип се во иста клетка, тие можат да разменат некои сегменти, потенцијално создавајќи нова комбинација на самото место. Така настанал H1N1, познат како свински грип.

Засега предвидувањата велат дека на коронавирусите ќе им бидат потребни неколку години да мутираат за да има потреба од нова вакцина, пишува Bussines Insider.

Предлог за денешен ручек

Посни шницли во сос од печурки

СОСТОЈКИ:

1 шолја ориз

2+2 лажици брашно

бибер

сол

масло

2 лажици суви печурки

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Оризот исчистете го, измијте го, згответе го, изладете и измешајте со една полна лажица брашно. Додајте малку бибер и сол, па од добиената маса правете шницли и секоја извалкајте ја во брашно (од прилика 2 лажици).

Во тенџере ставете масло, добро загрејте, па пржете ги шницлите.

За сосот, измијте и згответе печурки во солена вода. Исечкајте ги на тенки резанки, малку пропржете ги на масло, па додајте лажица брашно и посолете по вкус.

Шницлите од ориз наредете ги на чинија па прелијте ги со сос од печурки.

Извор: Готви.мк

Популарно