Облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег

Денеска не очекува претежно облачно  време со врнежи од дожд, а на планините од снег, кои ќе бидат пообилни попладне. Во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Преку ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната температура од три до 12 степени.</p>

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до девет степени

Сончево со мала до умерена облачност.

Во текот на денешниов ден времето во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во североисточните делови ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 4 степени, а дневната од 4 до 13 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно со умерен, а во сабота и засилен северен ветер. Од недела ќе има пораст на дневната температура.

Претпладне врнежи од дожд, а на планините од снег

Во тект на денешниов ден времето претпладне во поголем дел од земјава ќе биде со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе ги има само во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи од нула до 6, а дневната од 2 до 10 степени.

Во Скопје претпладне со врнежи од дожд кои во попладневните часови ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 9 степени.</p>

Во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура и со умерен, а во сабота и засилен северен ветер

Сончево време со мала до умерена облачност

Денеска не очекува сончево  време со мала до умерена облачност, од попладне облачноста ќе се зголемува.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 5, а дневната од 7 до 16 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од попладне облачноста ќе се зголемува..  Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време, а пораст на дневната температура се очекува од недела.

Популарно