Оваа намирница многумина ја избегнуваат, a може да го реши проблемот со несоницата

Бидејќи чоколадата го зголемува нивото на хормонот серотонин, кој е задолжен за производство на мелатонинот, малку чоколада би можело да ги реши проблемите со несоницата, вели нутриционистката Керис Марсден.

– Во текот на целиот свој живот и сето она што го научив за нутриционизмот не помина еден ден без да изедом малку чоколада. Таа го зголемува серотонинот, кој ви помага за добро да спиете. Не може да биде поедноставно – рекла Керис Марсден.

Со оваа предност, научниците од Универзитетот во Лондон тврдат дека луѓето што јадат црна чоколада ги намалуваат шансите за депресија.

Истражувањето ги разгледало податоците за 14.000 возрасни лица, вклучително и нивното консумирање чоколада, симптомите на депресија, висината, физичката активност и другите хронични здравствени проблеми.

Анализата на податоците откри дека учесниците кои јаделе црнa чоколадa двапати во 24-часовен интервал, имале 70 отсто помала веројатност за развој на депресија во однос на оние што не ја јаделе.

– Ова истражување обезбедува докази дека консумирањето црна чоколада може да биде поврзано со намалените шанси за развој на клиничката депресија – рекла д-р Сара Џексон, која ја водела студијата.

Сепак, д-р Џексон верува дека треба да се спроведат повеќе истражувања за да се расчистат сите сомнежи за односот помеѓу чоколадата и депресијата.

„Можно е депресијата да предизвикува пад на интересот за чоколада, или некои други причини доведуваат до тоа луѓето да консумираат помалку чоколада па да станат депресивни. Доколку се утврди цврста врска помеѓу заштитниот ефект кој консумирањето чоколада го има врз телото, треба да се утврди кој вид чоколада би било најдобро да се консумира и која количина е оптимална. Но, чоколадата не може да дејствува сама – рекла д-р Џексон, пишува британскиот „Мирор“.

Според научниците, клучот за позитивно влијание врз нашето расположение е да јадеме чоколадо со уживање.

Вработените лица кои одат на работа со придружба – потполно слепи лица, да бидат ослободени од одење на работа

Владата на Република Северна Македонија на својата 31-ва седница го разгледа барањето на Министерството за труд и социјална политика и донесе заклучок со која се задолжуваат сите органи на државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, вработените  лица во овие институции кои одат на работа со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со тешка или умерена интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работните активности.

Владата им препорача на единиците на локалната самоуправа, како и на јавните претпријатија основани од општините овие лица и во овие институции да бидат ослободени од должноста на доаѓаат на работното мести и од работните активности. Истата мерка Владата им препорачува да ја применуваат и компаниите од приватниот сектор.

Коронавирусот мутира и има осум видови, добрата вест е дека мутациите не се смртоносни

Експертите велат дека новиот коронавирус мутира, како и сите други вируси и сега има осум видови што кружат низ целата планета.

Добрата вест е дека мутациите не се смртоносни, истакна Тревор Бедфорд, чија веб страница  „Некст стреин“ (NextStrain.org) го следи геномот на вирусот користејќи примероци од сите делови на светот.

Експертите ги следат геномите на коронавирусот и откриваат видови што се појавија откако вирусот првпат минатата година се префрли од животно на човек во кинескиот град Вухан.

„На прашањето дали се менува генетски, одговорот е апсолутно да, истакна епидемиологот Марк Липситч од Харвард.

Прашањето е дали се случила некоја промена што го одредува правецот на движење на болеста или пренесувањето или други работи што се важни за луѓето, додава Липситч.

Експертите велат дека новите видови многу малку се менуваат и нема разлика во смртноста.

„Забележаната стапка на мутација (две мутирања месечно) е сосема нормална за вирусите. Грипот обично има ист број на мутации, дури и повеќе, напиша Бедфорд на својот Твитер профил.

„Епидемиите можат да се следат. Во состојба сме редоследно да го секвенционираме геномот за да утврдиме кои видови или родови циркулираат, изјави Чарлс Чиу, професор по инфектологија на  Универзитетот во Калифорнија.

И додека досега дешифрираните геноми  даваат информации за тоа како неговото ширење може да се запре и дали помага дистанцата меѓу луѓето, а се покажува дека помага, тие не се ништо повеќе од скица, предупредуваат научниците. Тие се согласуваат дека останува да се открие многу, но микроскопските промени им помагаат да ја утврдат патогената патека низ човечката популација.

Предлог за денешен ручек

Со само 4 состојки направете ги овие вкусни и експресни тортиљи.

СОСТОЈКИ:

2 + 1/2 шолја брашно

200 мл вода

1 лажичка сол или сув зачин

3 лажици масло

Начинот на подготовка погледнете го во ВИДЕО РЕЦПЕТОТ на „Cooking“:

Направете ги најубавите компир ќофтиња.

СОСТОЈКИ:

1 кг. компир

200 гр. сирење

2 главици кромид

4 јајца

брашно и масло

ПОДГОТОВКА:

Се лупи и сече компирот и се вари во солена вода, се цеди и се пасира со рендано сирење, ситнет лук, едно јајце и зачини по избор.

Се меша.

Се става брашно за поховање во чинија, а во друга се матат останатите јајца.

Се загрева масло на тава и се зема по една рака од смесата, се прави ќофте, се валка во брашно и јајца па се пржи да порумени.

Извор: Готви.мк

Популарно