Дали е ова можно и кај нас? Во Германија во огромниот сообраќаен метеж, сите возат вака поради една ситуација

Колоната од автомобили поредени на крајната десна, односно крајната лева лента сред сообраќаен метеж, лесно може да ги збуни возачите кои не се навикнати на ваква сцена во Германија.

За некој да се направи паметен и да “прелета” низ празниот простор во средина, веројатно на крајот од патот би платил висока казна.

Имено, законот во Германија вели дека во текот на сообраќаен метеж сите автомобили возат по крајната десна, односно крајната лева лента за да се направи простор за возила на Итната помош, пожарникари и полиција, напишал еден корисник на Редит.

Неговото видео веднаш собрало бројни пофалби поради менталитетот на нацијата која размислува на ваков начин. Сепак, имало и такви кои тврделе дека не секогаш е волку просто.

“Јас сум од Германија и верувајте ми, ова е реткост. Никогаш не сум видел толпата да се однесува вака во реалниот живот, секогаш постои некоја будала што се однесува како што ќе му текне”, напишал еден член на Редит под видеото.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Што велите вие?

Средствата за дезинфекција можат да бидат многу опасни

Стравот од коронавирусот натера многумина да ги дезинфицираат своите домови. Еден од осноивните методи за заштита е миење на рацете најмалку 20 секунди, но баш како што рацете страдаат ако ги миеме со врела вода до бесвест, може да ни наштети и бескрајно чистење на подот и мебелот. Во последните неколку дена, бројот на повици до Националниот центар за контрола на отрови (NCKT) на ММА значително се зголемил како резултат на проблемите предизвикани од несоодветната употреба на овие средства.

Д-р Славица Вучиниќ, интернистички токсиколог, раководител на НКЦТ ММА, вели дека пациенти се јавуваат најчесто поради прекумерно вдишување на асепсол (бензалкониум хлорид).Се труеме кога работеме со хемикалии, а притоа не користиме заштита. Кога купувате средства за дезинфекција во аптеките, прашајте колку е потребно да се растворат. Често се продаваат концентрирани и мора да се разредат. Користете ги само кога не сте во состојба веднаш да ги измиете рацете со вода и сапун откако ќе допрете нечисти и необезбедени површини и предмети.

Не смеете да мешате два различни препарати ! Препаратите врз основа на асепсол и алкохол, кога се мешаат со варекина, хлороводородна киселина или натриум хипохлорит, можат значително да го загрозат респираторниот систем. Коктелот може да експлодира исто така! Сите сретства мора да ги чувате подалеку од деца, на највисоката полца или во заклучен а  остава, каде децата немаат пристап.

Кога користите средства најпрвин прочитајте ги упатстварта, на рацете ставете ракавици, а пожелно е да имате и заштитни очила. Кога дезинфицирате од просторијата треба да ги изнесете децата и домашните миленици. Не ги претурајте средствта во помали шишенца. Ако баш морате да го направите тоа, веднаш треба да ги обележите со налепници или со маркер за да се знае што точно има во нив и проверете дали добро се затворени.

Ако вдишете премногу средства за дезинфекција, веднаш излезете од просторијата каде што престојувате. Во случај на директен контакт со хемикалии, измијте ја кожата и очите неколку пати со проточна вода. НИКОГАШ, ако проголтате некој од средства, не пијте течност (вода, млеко, раствор од сода бикарбона …) за да предизвикате повраќање бидејќи ефектите можат да бидат многу штетни за исходот од труење.

Научниците открија кој е најчест симптом на коронавирус

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон дошле до заклучок дека најочигледниот симптом на зараза со коронавирусот е губење на сетилото за мирис. Според резултатите на британската студија, губењето на способноста за препознавање на мирис било забележано кај речиси 60 отсто од пациентите, кај кои дополнително било утврдено дека биле позитивни на Ковид-19, и кај само 18 отсто чиј тест на вирусот бил негативен. 

„Според нашите податоци, а во комбинација со другите симптоми, кај лицата кои го изгубиле чувството за мирис, веројатноста дека се позитивни на Ковид-19 е 3 пати поголема, па затоа е потребно таквите лица да се самоизолираат во текот на една недела за да се намали ширењето на заразата”, истакнал Тим Спектор, професор од колеџот.

Ваквите податоци ги навеле научниците на заклучокот дека губењето на сетилото за мирис е најизразениот симптом на инфицираност со вирусот. Научниците во истражувањето направиле модел кој овозможува да се одреди, врз основа на која комбинација на симптомите може попрецизно да се прогнозира дали одредено лице е заразено со Ковид-19. Помеѓу тие симптоми се издвојуваат губење на сетилото за мирис и вкус, висока телесна температура, сува кашлица, малаксаност, дијареа, болка во стомакот и намален апетит.

Истовремено, според мислењето на експертите на Британското здружение за оториноларингологија, губењето на чувството за мирис може да биде знак на зараза и од некој друг тип на коронавирус. Научниците советуваат дека треба да се обрне внимание и на очите. Американски експерти објасниле дека иритацијата на очите и непријатната сензација можат да бидат знак на воспалителен процес во организмот предизвикан од коронавирусот.

Медицинска сестра открива: Ова е најважниот симптом на Ковид-19 кај секој пациент

Една од медицинските сестри во "Life Care Center", жариште за епидемијата на коронавирус во Вашингтон, Челси Ернест истакна дека единствениот и најважниот симптом на „Ковид-19“ кај секој пациент бил фактот што очите им биле црвени.

Кашлањето, забрзаното дишење и црвените очи се сите симптоми на коронавирус, но оваа медицинска сестра истакнува дека за неа и нејзините колеги црвените очи биле показател бидејќи се присутни кај сите пациенти заразени со вирусот што го видела.

„Имавме пациенти кои имаа црвени очи како единствен симптом што го видовме и дојдовме во болницата и починаа“, рече таа.

„Нивните очи изгледаа како некој кој имал алергиска реакција. Нивните белки на очите не биле црвени, меѓутоа повеќе личело на тоа дека имаат црвена сенка, како да имаат црвени очни капаци околу очите“, изјави Челси за Си-Ен-Ен.

Новите истражувања покажаа дека инфекцијата на очите, како што е конјунктивитис, може да биде симптом на Ковид-19.

„Признато е дека секоја инфекција на горниот респираторен тракт може да резултира во вирусен конјунктивитис како секундарна компликација, што исто така е случај и со Ковид 19“, велат истражувачите.

Популарно