Послатко нешто не сте виделе: Овие бебиња ќе ви го стоплат срцето

Неодамна на социјалните мрежи се појавија снимки од малечки близначки за да се докаже врската што ја споделуваат само близнаци. Тие се веќе родени, но сепак спијат „залепени“ едно за друго.

Како што можете да видите од видеото, близначките за момент ги отвораат очите и ја погледнуваат мајка им, која ги снима, но им било толку пријатно што веднаш повторно заспале.

Близначките биле опкружени со играчки, но не им било грижа затоа што се имаа една со друга.

Погледнете го видеото во продолжение:

Фотографија од Британија која го обиколи светот

Фотографија направена во Велика Британија го обиколи светот. На неа се гледаат баба и дедо, кои се во изолација, и нивните внучиња кои дошле да ги поздрават преку стакло за да ги расположат.

Парот ги става дланките на стаклената врата, а двете мали девојчиња го прават истото однадвор и им праќаат бакнежи.

Светските експерти велат дека оваа навика е еден од најлесните начини за добивање на коронавирусот

Грицкањето нокти е честа навика кај децата, но и кај возрасните. Оваа навика која што често ја правиме може да има лоши последици во текот на пандемијата на коронавирусот.

Светските експерти велат дека оваа навика е еден од најлесните начини за добивање на коронавирусот.

Баш поради тоа, познат специјалист во областа на алергијата и заразните болести во Лондон, советува дека луѓето мора да се одвикнат од грицкањето нокти затоа што доколку не го направат тоа, ризикот од добивање коронавирус е многу поголем од вообичаено.

Но, секој што се соочил со овој проблем знае дека не е едноставно да се елиминира.Сепак, постојат одредени методи и совети кои ќе им помогнат на страсните „гризачи“ да се одвикнат од грицкањето на ноктите.

Направете ги ноктите горчливи, има многу лакови достапни на пазарот кои се неподносливо горчиливи, или намачкајте ги со луто пиперче. Но најуспешен метод за одвикнување од оваа лоша навика е да отидете во салон и да си направите маникир со гел лак на вашите нокти или надградба на ноктите. Нашите пријатели од Spectra Nail Bar (телефон за закажување 078 873 703) ќе ви помогнат грицкањето нокти да ви остане само како сеќавање за една лоша навика.

Лекарите советуваат да се пие повеќе витамин Ц

Лајнус Полинг е еден од основачите на модерната биологија, добитник на две нобелови награди. Тој објасни зошто на човековото тело му е потребен витаминот Ц. Голем број научници веруваат дека предозирањето со овој елемент во трагови условува спречување на развој на карцином, но и на Ковид-19. Еве колку е важен витаминот Ц за човековото тело:

Всушност, целокупното тело е создадено од овој микроелемент. Овозможува синтеза на колаген, а колагенските влакна учествуваат во создавање на сврзно ткиво, се наоѓаат во васкуларните ѕидови, кожата, забите, коските. Дефицит на витамин Ц доведува до недостиг на колаген, односно, се стопира растот, се оштетуваат ѕидовите на крвните садови, раните поспоро зараснуваат, се развиваат низа други здравствени проблеми.

Се поставува прашањето, дали витаминот Ц спречува развој на рак и ја спречува инфекцијата од Ковид-19? Експерите тврдат дека витаминот Ц може да спречи појава на рак. Факт е дека за процесот за раст на малигни нови творби се излачува посебен ензим кој го слабее околното ткиво. Од друга страна, витаминот Ц овозможува забрзување на развојот на синтезата на колаген, за да може телото да ја преброди болеста, да го локализира туморот и евентуално потполно да го неутрализира во колагенските мрежи. Секако, со помош на еден витамин нема да можете да се ослободите од ракот. Полинг сметал дека на пациентите треба да им се препише еден друг метод на лекување во комбинација со големи дози на витамин Ц.

Лајнус тоа го докажал во пракса, па успеал да ја ублажи состојбата на многу заболени од карцином. Слични резултати добил и јапонскиот лекар Фукуми Моришиге – кај 25% од заболените со рак, кои секојдневно добивале по 10 грама аскорбинска киселина, дошло до успорување на растот на ракот, а кај 1% била забележана целосна регресија.

Американските научници тестирале бројни клинички испитувања во кои учествувале 11 лица со рак на мозок и бели дробови. На пациентите им биле препишани дози на витамин Ц 1000 пати повеќе од нормалното. Еден од експертите, Брајан Ален, тврди дека резултатите изгледуваат ветувачки, но научниците не знаат точно колку витаминот ја зголемува ефикасноста на хемотерапијата. Со интравенско предозирање со микроелементот, пациентите подобро го поднесувале лекувањето и не пателе од сериозни нуспојави.

Витаминот го успорил или целосно го стопирал растот на туморот, лицата со ракот живееле 40% подолго од пациентите на кои не им била препишана таква терапија. Витаминот Ц во Њујорк исто така, го користат за лекување на пациентите со дијагностициран ковид-19. Американците ги усвоиле искуствата на кинеските колеги. На болните лица во критична состојба им инјектирале по 1500 мл витамин Ц, 3-4 пати дневно. Секоја доза ја преминувала дневната норма за речиси 16 пати.

Витаминот веќе е содржан во протоколот за лекување на коронавирусот, но лекарите на секој пациент посебно му го дозираат лекот. Благодарение на овој микроелемент кинеските спрецијалисти успеале да ја намалат смртноста меѓу пациентите. Ризикот од развој на болести може да се сведе на минимум кога се земаат големи дози витамин Ц, а се пречекорувањата во дозирањето во текот на болеста, значително ја олеснува здравствената состојба и го забрзува опоравувањето.

Која е препорачана доза за витамин Ц? Па дури и противниците на Полинг сметаат дека витаминот Ц е добар за човековото тело. Според општоприфатените стандарди, дневната доза на овој елемент во трагови е: 60 до 110 мг за мажи, а 55 до 80 мг за жени. Луѓето кои консумираат најмалку 50 мг витамин дневно изгледаат многу помладо и се чувствуваат подобро од своите врсници. Покрај тоа, многу е важно правилно да се храниме, односно, да внесуваме повеќе свежо овошје и зеленчук.

За да се одржи здравјето и силен имунолошки систем, потребно е дополнително да се внесуваат витамини, но само по препорака на лекар и според негова пресметка. Потребата за витамин Ц варира во зависност од физичката состојба на лицето. Ако лицето е болно, дозата треба да се зголеми, но ако лицето е здраво, тогаш доволна е една таблета дневно.

Популарно