Трагедија: мајка и син меѓу настраданите Во пожарот кој одзема 6 животи

Во пожарот што избувна рано утрово во Нов Белград  настрадаа шест лица, меѓу кои и мајка и син. Три лица биле евакуирани, а шест други се повредени.

Пожарот избувнал околу 4 часот во солитерот на улица Милутин Милановиќ, а интервенирале десет противпожарни возила.

Една жена, 68, се здобила со изгореници од втор степен и била однесена во болница.

Според првичните информации од местото на настанот, пожарот избувнал на седмиот кат, но се проширил на осмиот, деветтиот и десеттиот. Пожарникарите пронашле три лица кои не давале животни знаци во еден стан, едно тело во друг стан и две тела во третиот стан. 

Повредените во пожарот се пренесени во Ургентниот центар, како и во Воената медицинска академија. Неколку луѓе проголтале чад, но не животно загрозени.

Само благодарение на брзата интервенција на пожарникарите спречено е пожарот да се шири во другите делови на зградата.

- Пожарот сега е локализиран. Три возила на ВСJ „Земун“ со осум пожарникари, две возила на ВСЈ „Воздовац“ со осум пожарникари и пет возила „ВСJ Звездара“ со 14 пожарникари излегоа на теренот - изјавија за Блиц од српскиот МУП.

Видео на ОВОЈ ЛИНК и на ОВОЈ ЛИНК

Утринава во Србија слета единаесетиот авион со медицинска опрема, техника и заштитна опрема

На воениот аеродромот Батајница, во близина на Белград, утринава слета единаесетиот авион со медицинска опрема, техника и заштитна опрема, кои, според договорот на српскиот и рускиот претседател, Александар Вучиќ и Владимир Путин, Москва и ги испрати на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Помошта вчера беше доставена со шест авиони, а во текот на ноќта и утринава, на аеродромот Батајница слетаа уште пет авиони, соопштија од српското Министерство за одбрана.

Во состав на тимовите од Русија се наоѓаат еден генерал, 42 офицера, 42 подофицера и двајца членови на руското Министерство за здравство, предводени од началникот на АБХО на Западниот округ на вооружените сили на Руската Федерација, генерал мајор Михаил Чернишов.

Руските експерти се поделени во осум медицински екипи. Во секој тим ќе има лекари по општа пракса, епидемиолози, анестезиолози, медицински техничари и преведувачи, а остатокот од делегацијата е составена од експерти и стручњаци по АБХО, се наведува во соопштението.

– Во рамки на помошта пристигнаа и 16 специјални моторни возила наменети за дезинфекција на објекти и патишта, како и големо количество медицинска опрема, техника и заштитна опрема, која и е неопходна на Србија во третманот на пациенти заразени со коронавирус, како и во борбата против ширењето на Ковид-19, се додава во соопштението.

Првиот од 11-те авиони со медицинска помош од Русија вчера го дочекаа премиерката Ана Брнабиќ, министерот за одбрана Александар Вулин, началникот на Генералштабот на српската војска Милан Мојсиловиќ и рускиот амбасадор во белград, Александар Боцан-Харченко.

ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО СЛЕДИ СРПСКИОТ ПРИМЕР: Нема движење од сабота од 13 до понеделник до 5 часот

Се забранува движење од сабота од 13 до понеделник до 5 часот во Србија. 

Ова го соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ. 

„Очекуваме во следните 72 часа да се зголеми бројот на заразени, за жал и на бројот на мртви“, вели вучиќ. 

Денес умреле 3 луѓе, а 81 се на респиратор. 

Вучиќ рече дека повеќе позитивни има во Белград. Ќуприја, Чачак и Ваљево.

Утре ќе стигне првиот авион со осум лекари и персонал од Русија. 

Во Македонија, денеска министерот за здравство Венко Филипче рече дека можеби ќе има и други мерки, но не засега. 

Тврди дека будно следат што се случува. 

Локалната власт во Куманово со денови бара целосен карантин. 

Видео: Вучиќ најави помош од по 100 евра за секој полнолетен жител на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги претстави економските мерки за помош на Србија и економијата во надминување на коронавирусот.

– Имаме пари за економијата, а имаме и за нешто друго. Размислуваме да им дадеме помош по 100 евра на секој возрасен граѓанин на Србија. Без оглед дали е вработен, невработен, пензионер. Тоа е околу 520 милиони евра – вели претседателот на Србија.

Ние сакаме да им помогнеме на претприемачите да преживеат, но само оние кои не отпуштиле над 10 проценти од работниците, ќе можат да сметаат на тоа.

– Сите претприемачи, микро и мали бизниси, за три месеци, дури и ако кризата околу короната и не трае три месеци, ќе им платиме минималец – најави синоќа Вучиќ.

– На секој фризер, чевлар, пекар…, на сите вработени во нивните компании, ќе платиме минимална плата. Фризерот не може сега да заработи пари, но ќе има да плати минималец и за себе и за неговиот вработен.

Ние сакаме да им помогнеме на претприемачите да преживеат, но само оние кои не отпуштиле над 10 проценти од работниците, ќе можат да сметаат на тоа.

Според него, имаме повеќе пари од другите:

– Не дозволив платата да се зголеми до максимум. Имаме три типа на финансирање во иднина. И ЕУ и ММФ рекоа да се заборави на дефицитот и јавниот долг, но ние и за тоа се грижиме.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа рече дека доколку однесувањето на граѓаните не се промени, тој ќе биде подготвен следната недела да и предложи на владата воведување на 24-часовен полициски час.

„Ќе го зголемиме полицискиот час на 24 часа следната недела доколку овие мерки не функционираат за да ги заштитиме животите на граѓаните“, рече тој за ТВ Прва.

Популарно