Лицата со телесен инвалидитет имаат потреба од поголема грижа поради пандемијата на коронавирус

Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар апелира до надлежните институции да водат поголема грижа за лицата со хендикеп во ситуацијата со ограничено движење на останатите луѓе кои во нормални услови би можеле да им помогнат. Тој потенцира дека лицата со хендикеп зависат од други луѓе и овие вонредни услови ги доведуваат во опасност нивното здравје и живот.

-Нашите членови се луѓе врзани дома за кревет, мора да им дојдат два-тројца од страна за да им помогнат, само до тоалет да отидат. Еве, на пример, во моментов јас сум сам дома, брат ми е живее во друга куќа, жена ми е во Скопје по потреба, доаѓаат за помош пријатели, роднини. Но, и тие се во категорија на постари  лица и за нив е забрането да се движат во текот на денот, прво за нив е тешко, објаснува Велибор. Тие како ранлива категорија на луѓе особено се чувствителни на вакви ситуации со ширење на заразни болести и затоа е потребна уште повисоко ниво на хигиена, одржување на здравјето кај лицата телесен инвалидитет, вели тој.

-За телесните инвалиди од особена важност се материјали за одржување хигиена, како влажни марамчиња, пелени, како и од заштитни маски и ракавици кога им доаѓаат други луѓе да им помагаат, а самите не ни можат ни смеат да излегуваат да ги набавуваат, вели Јаќимовски. Тој потенцира дека доколку државата доследно ги спроведувала обврските од меѓународната конвенција за лицата со посебни потреби не би доаѓало до вакви ситуации.

-Таа конвенција предвидува центри за згрижување каде во случај на пандемија итно би се носеле и би имале 24 часа институционална грижа и заштита, објаснува Јаќимовски. Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар  брои 790 членови.  Конвенцијата за првата на лицата со хендикеп е донесена во рамки на Обединетите Нации од 2006 година. Тука е ратификувана во 2011 година.

Предлог за денешен ручек

Тиквички со пармезан.

СОСТОЈКИ:

4 тиквички

250гр. мелено месо

1 морков

1 кромид

2 чешни лук

црвен пипер, бибер и сол

ПОДГОТОВКА:

Се мијат и лупат 4 тиквички и се сечат краевите, па се сечат по должина на два дела.

Се длаби внатрешноста и се редат во сад за печење со хартија.

Се сече ситно лупениот морков, се додава мелено месо, се пржи на маслу масло.

Се става сечен кромид со лук и зачини., црвен пипер, бибер и сол.

Се додава магдонос по желба.

Се полнат тиквичките, се става еден прст вода во садот и се печат на 200 степени, а пред крај им се става пармезан и се допекуваат додека убаво не поруменат.

Извор: Готви.мк

Кога ќе се избориме со пандемијата, човештвото ќе реши еден голем проблем

Пандемијата на коронавирус може да ни даде увид во тоа какви глобални закани по здравјето нè чекаат додека планетата станува потопла. Начинот на кој се бориме со пандемија, може да влијае и на справувањето со климатските промени, велат здравствените експерти на Светскиот форум за социјално претприемништво.

„Важноста на ова прашање повеќе може да се види преку соочување со Ковид-19, отколку преку влијанието на климатските промени“ рече Мандип Даливал, директор за ХИВ, здравство и развој во Програмата за развој на Обединетите нации. Ќе расте уништувањето на шумите и ширењето на полјоделството што ќе доведе до климатски промени и близок контакт со болни диви животни, рекла таа.

Центрите за контрола и превенција на болести во САД известуваат дека пандемијата на коронавирус потекнува од лилјаци и раните инфекции се поврзани со голем пазар на животински свет во кинескиот град Вухан. Заканите за белите дробови како што е загадувањето на воздухот, предизвикано од употреба на фосилни горива кои исто така предизвикуваат климатски промени, ги прават луѓето поранливи од респираторни заболувања како коронавирус, додаде таа.

Без да се осврнеме на основните фактори што ја прават пандемијата толку деструктивна - од недостаток на подготвеност до недоволно финансиран и кревки здравствен систем - светот „постојано ќе талка од епидемија до епидемија“, предупреди таа. Но, Лиз Диболд, од фондацијата „Скол“ со седиште во Калифорнија, која ги поддржува социјалните промени и деловните активности, рече дека вирусот нуди некои позитивни лекции за климатските активности.

„Ковид-19 навистина ни покажува дека кога човештвото ќе се обедини за заедничка цел, можна е феноменално брза промена“, рече таа, истакнувајќи дека тоа е возможно дури и во навидум нерешливи проблеми.

Најнови истражувања покажаа кои се првите симптоми на Ковид-19

Одреден број на пациентите воопшто не разиваат респиратирни проблеми, наместо тоа еден од првите симптоми на Ковид-19 е нешто сосема неочекувано.

Според најновите истражувања, пациентите кои искусуваат благи симптоми на Ковид-19, меѓу првите симптоми се јавува дијареа. Според авторите на студијата, респираторните проблеми и потешкотии се јавуваат подоцна во текот на инфекцијата, а често воопшто и не се појавуваат.

Овие нови сознанија се многу важни за асиптоматските пациенти, кои немаат класични симптоми на Ковид-19 (температура, кашлање и потешкотии со дишење) кои воопшо не се доијагностицирани и често и самите не сесвесни дека се заразни, па не се самоизолираат и ја шират заразата.

Меѓутоа научниците кои стојат зад оваа студија велат дека ваквите случаи не се многу чести, но сепак апелираат доколку без никаква причина почуствувате стомачни тегоби и дијареа, можно е да сте се заразиле, па апелираат да се земе во предвив и тестирање.

Оваа студија не е прва што се занимава со проблемите на дигестивниот тракт како можни симптоми на КОВИД 19.Во истиот број на 18 март, беше објавено дека кај околу 200 пациенти во три болници во Вухан, околу 50 проценти од нив пријавиле барем еден ваков симптом. а 18 проценти пријавиле дијареја, повраќање и болки во стомакот. Сепак, тоа истражување се фокусираше на потешки случаи.

Популарно