Силен земјотрес со јачина од 7,5 според Рихтер ја погоди Русија

Силен земјотрес ја погоди источна Русија, предупредување за цунамиОбјавено пред 3 часа. Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер денеска го погоди истокот на Русија кај Курилските Острови, а регионалните власти издадоа предупредување за цунами.

Локалното население е евакуирано во повеќе делови на островот, поради опасност од цунами. Нема информации за материјална штета и жртви.

Американскиот Геолошки институт соопшти дека земјотресот бил во морето, северно од Јапонија и источно од Русија, на длабочина од 59 километри.

Епицентарот на потресот бил југозападно од градот Северно-Курилска, на островот Парамушир, каде се почувствувал и земјотресот.

(Фото) Во Шпанија пациентите со ковид-19 ги носат на плажа како дел од процесот на закрепнување

Пациенти кои се заразени со новиот коронавирус во Шпанија се носат покрај море на плажите во Барселона како дел од процесот на закрепнување.

Медицински тимови од болницата „Дел Мар“ во Барселона се фотографирани додека ги носеле заболените на плажа, објави „Би-би-си“.

Шпанија беше една од најпогодените европски земји од пандемијата, но во последните неколку недели ситуацијата се става под контрола. За да го спречат ширењето на коронавирусот, шпанската влада воведе рестриктивни мерки, па луѓето не можеа да излезат да вежбаат на отворено, а децата со недели имаа забрана за напуштање на домовите.

Сега, рестриктивните мерки постепено се олабавуваат, а во средата премиерот Педро Санчез побара од парламентот продолжување на вонредната состојба до 21 јуни.

Денеска од шпанската влада соопштија дека во рамки на процесот на попуштање на мерките на 1 јули е планирано да се отворат границите за странски туристи. Од 22 јуни, пак, Шпанија ќе ги отвори копнените граници само со соседните Португалија и Франција.

„Корпа“ за американскиот претседател! Путин го одби Трамп – еве ги деталите!

Повеќе пати беше повторен предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп во септември Русија и нејзиниот лидер Владимир Путин повторно да се приклучат на самитот на групата најразвиени држави (Г-7).

Сепак од Русија не стигна реакција, но затоа голем број политичари проценија дека Вашингтон сака да ги олади односите меѓу Москва и Пекинг, зашто Кина не беше повикана на собирот.

На друга страна, овој предлог на Трамп за да се приклучи Русија, се спротиставија европските лидери, како и премиерот на Канада.

Тие сметаат дека Трамп без договор со нив не може да повика никого на самитот, па дури ниту Путин. Противниците на идејата на Трамп сметаат дека Русија мора да го врати Крим пред да се појави на самитот на Г-7.

Сите детали може да ги прочитате ТУКА.

Принцот Чарлс го прележал вирусот со лесни симптоми

Британскиот принц Чарлс (71) изјави дека „лесно поминал” со новиот коронавирус, од кој се зарази на почетокот на епидемијата во март.

Тој откако дознал дека е позитивен на Ковид-19, се повлекол во самоизолација, а во текот на болеста имал лесни симптоми.

– Имав среќа, но бев заразен со вирусот и целосно можам да ги разберам луѓето низ што минувале, истакна британскиот принц, додавајќи дека сочувствува со оние кои загубиле свој близок.

Принцот Чарлс помина седум дена во карантин во својата куќа во Балморал, а неговата сопруга Камила (72) била негативна на тестот.

Популарно