Посни шницли во сос од печурки
СОСТОЈКИ:
1 шолја ориз
2+2 лажици брашно
бибер
сол
масло
2 лажици суви печурки
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Оризот исчистете го, измијте го, згответе го, изладете и измешајте со една полна лажица брашно. Додајте малку бибер и сол, па од добиената маса правете шницли и секоја извалкајте ја во брашно (од прилика 2 лажици).
Во тенџере ставете масло, добро загрејте, па пржете ги шницлите.
За сосот, измијте и згответе печурки во солена вода. Исечкајте ги на тенки резанки, малку пропржете ги на масло, па додајте лажица брашно и посолете по вкус.
Шницлите од ориз наредете ги на чинија па прелијте ги со сос од печурки.
Извор: Готви.мк