На пиштолите за точење бензин може да има коронавирус

На пиштолите за точење бензин може да стои опасниот вирус Ковид-19, затоа е важно да се преземат потребни мерки за заштита.

И покрај социјалното дистанцирање, поединци и понатаму мораат да одат со своите автомобили  на работа или по храна и лекови.

За нив е неопходно од време на време да свратат на бензинска пумпа и да наточат бензин и главно никако не можат да избегнат контакт со пиштолот за гориво.

Експертите нудат неколку совети како да се пристапи на овој проблем: Носете со себе ракавици за еднократна употреба и задолжително ставете ги кога точите гориво. Можете да користите и повеќе хартиени марамчиња ако во некој случај сте заборавиле ракавици. Важно е да немате директен допир или веднаш после завршената работа да го фрлите тоа што сте го користеле како заштита.

Ракавици носете и за време на плаќањето, пред допирањето пари, апаратот за внесување ПИН код или просторот околу касата.

Предлог за денешен ручек

Комплетен ручек кој ќе го обожавате!

СОСТОЈКИ:

600 гр компири

1 главица кромид

2 пара колбаси

масло

црвена пипер

сол

бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Згответе ги компирите. Исечкајте ги на коцки.

Кромидот исечкајте го ситно и пропржете го на масло, во тоа додајте сечкани колбаси и динстајте со кромидот 20 минути, во зависнот од тоа дали се домашни или димени.

Додајте црвена пипер, сол, бибер, па ставете сечкан компир. Добро изедначете. Сервирајте со салата.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Предлог за денешен ручек

Еве како да подготвите сочни телешки шницли…

СОСТОЈКИ:

500 гр телешко месо

10 гр путер

1 лажица маслиново масли

100 гр морков

100 гр целер

100 гр кромид

150 мл бело вино

150 мл павлака за готвење

сол

бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

На растопен и загреан путер и масло пропржете ги телешките шницли, кои претходно сте ги зачиниле.

Извадете ги шницлите на страна и во истото масло пропржете сечкан кромид, морков и целер. Прелијте со бело вино и гответе неколку минути.

Вратете ги шницлите, додајте павлака за готвење и гответе уште десетина минути додека сосот не згусне.

Извор: Готви.мк

Предлог за денешен ручек

Направете вкусна мусака со праз

СОСТОЈКИ:

150 гр. праз

200 гр. пилешко мелено месо

100 мл. кисела павлака

2 јајца

сол, бибер и маслиново масло

ПОДГОТОВКА:

Се мие празот и се сече ситно.

Се пржи на масло со зачини.

Се става во огноотпорен сад со пилешкото месо сечено и пржено на масло.

Се матат јајца со павлака па се става сол и се става врз месото.

Се пече на 200 степени 20 минути.

Извор: Готви.мк

Популарно