Дебелината е еден од главните и фатални фактори за зараза од Ковид-19

Дебелината е уште еден фактор кога станува збор за ризикот од заболување  со корона вирус. "Не е непознато дека во случајите на епидемија страдаат луѓе со прекумерна тежина – изјавила др Ивана Милошевиќ", инфектолог од Србија. Искуствата на  лекарите во светот,но и истражувањето  спроведено на Националниот здравствен сервис во Англија  покажало дека  повеќе  од 60 одсто од пацијентите кои се на интензивна нега поради Ковид 19  се дебели.

Стефан де Херт, некогашен председател на Европското друштво за анестеозлогија, обелоденил необјавени податоци од Италија за видот на пацијентите заболени од Ковида-19 кои биле примени на интезивна нега. “Просечната старост на сите заразени пациенти е 70 години, а еден од главните ризик фактори за прием на интезивна нега е дебелината”, рекол тој.

 Дидерик Хомерш, началник на оделението за интезивна нега во Ротердам рекол дека од 66 до 80 одсто од пациентите на интезивна нега со кои се сретнал биле дебели. “Иако сериозните облици на корона вирусот се јавуваат главно кај постарите пациенти, оние помладите од 50 години се без претходни здравствени тегоби и секој петти пациент е на интензивна нега. Жените покажуваат помалку симптоми од мажите а децата најчесто заболуваат без претходни тегоби”, додал тој.

Новиот извештаји од Англија покажува дека две третини од оние на кои им била потребна интензивна нега имале прекумерна тежна, пренесува “Metro.co.uk”.  Анализата на  Националниот центар за Интезивна нега за истражување ги опфатила сите случаи кои завршиле на интезивна нега во Англија, заклучно со минатиот четврток.

Утврдено е дека  од 196 пациенти дури 127 биле дебели, а 71 пациент имал индекс на телесна маса (БМИ) 30 или повеќе. Интересно е  дека од вкупниот број на пациенти 139 биле мажи, а 57 жени. Дебелината може да го ослаби имуниот систем и да допринесе на воспалението, а тоа ја отежнува борбата против микробите.Дебелината ги притиска белите дробови, го отежнува дишењето и го зголемува ризикот од компликации од Корона вирусот.

Дидерик Хомерш, началник на оделението за интезивна нега во Ротердам, при гостување на телевизиска емисија рекол дека  од 66 до 80 одсто од пациентите на интезивна нега со кои се сретнал биле дебели. Точната причина не е утврдена, но Хомерš напоменал дека тоа можеби е поврзано со фактот дека дијабетисот е често присутен кај дебелите луѓе, а веќе се знае дека луѓето со дијабетис се загрозени и додал дека вишокот на килограми го отежнува дишењето.

Питер ван дер Ворт  од Универзитетот во Гронинген тоа го потврдил.

“Скоро сите пациенти на оделението за интезивна нега се дебели. Не знаеме зошто, но тоа е толку забележително”, рекол тој.

Уште еден од низата стручњаци кои го потврдиле ова е и доктор Кристијан Дростен, еден од челните луѓе во борбата со Ковид-19 во Германија и ректор на  Институтот за вирусологија во Берлин.

“Знаеме, на пример, дека високиот индекс на  телесна маса е главен фактор на ризикот од Ковид-19, како што е и коронарната болест на срцето. Пнеумонијата го оптеретува кардиоваскуларниот систем, а ако тој систем веќе е оштетен ова може само да го надвладее.  Има многу луѓе од 35 до 50 години кои  живеат со таков ризик фактор”, изјавил Дростен.

Жените над 50 години треба да избегнуваат четири видови храна

Менопаузата носи многу предизвици за жените, вклучително и хормонски промени кои можат да предизвикаат непријатни симптоми како што се топли бранови, промени во расположението и зголемување на телесната тежина. За среќа, постојат промени кои можете да ги направите за да ги ублажите овие симптоми, а исхраната игра клучна улога.

Иако постојат многу корисни намирници кои можат да ги намалат симптомите на менопаузата, важно е да се има на ум дека одредени видови храна може да ги влошат овие проблеми, особено преработената храна.

Д-р Мајкл Лахи истакнува неколку видови на храна што жените над 50 години треба да ги избегнуваат за да ги контролираат симптомите на менопаузата и да спречат зголемување на телесната тежина.

1. Слатки и газирани пијалоци

Слатките, како бонбоните и газираните пијалаци, се несомнено вкусни и честопати е тешко да им се одолее. Сепак, нивната висока содржина на фруктоза најверојатно ќе доведе до ненадејни скокови и падови на нивото на шеќер во крвта. Овој ефект може да ги влоши промените во расположението и заморот, два вообичаени симптоми на менопаузата.

„Газираните пијалоци и слатките предизвикуваат раздразливост и необичен замор, кои се толку забележливи за време на менопаузата“, предупредува д-р Лахи за SheFinds. Освен тоа, шеќерот придонесува за акумулација на масното ткиво и носи низа други здравствени ризици. Д-р Лахи препорачува свежо овошје или темно чоколадо за задоволување на потребата за слатко.

2. Преработено месо

Преработеното месо, како што се колбасите, виршлите и нарезоците, се меѓу најлошите намирници за здравјето. Оваа храна е богата со натриум и конзерванси, што може да доведе до надуеност и воспаление. „Оваа храна може да ги влоши симптомите на менопаузата со зголемување на нивото на воспаление во телото“, вели докторот.

Надуеноста е честа поплака за време на менопаузата, а вишокот натриум од преработеното месо само ја влошува ситуацијата. Д-р Лахи препорачува посни протеини, како што се пилешко без кожа, риба или опции од растително потекло како грав и тофу, кои се одлични за одржување на тежината.

3. Рафинирани јаглехидрати

Белиот леб, пецивата и другите рафинирани јаглехидрати можеби се вкусни, но за жал, за време на менопаузата и воопшто, тие прават повеќе штета отколку корист. Според д-р Лахи, „рафинираните јаглехидрати ја зголемуваат тежината и нивото на инсулин, што го отежнува слабеењето“.

Тие исто така можат да ги влошат промените во расположението и често да не остават исцрпени. За постабилно ниво на шеќер во крвта и повеќе енергија, важно е да изберете цели зрна како киноа, кафеав ориз и интегрален леб.

4. Транс масти

Транс мастите се наоѓаат во многу од најпопуларните преработени грицки и пржена храна, а за жал, тие можат да бидат лоши за симптомите на менопаузата.

„Транс мастите го зголемуваат ЛДЛ холестеролот и го намалуваат ХДЛ, што го влошува воспалението и доведува до зголемување на телесната тежина“, објаснува д-р Лахи. Овие нездрави масти, исто така, можат да ги влошат топлите бранови и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања.

Клучно е да се проверат етикетите за исхрана за транс масти, а кога готвиме дома, можеме да размислиме за користење природни, здрави масти како кокосово или маслиново масло бидејќи тие можат да помогнат во одржувањето на здрави нивоа на холестерол.

Лесен домашен лек против кашлица

Благодарение на моќните својства на медот и бананата, ослободете се од болното и воспалено грло, кашлицата, па дури и од стомачните проблеми.

Состојки: 400 мл зовриена вода, 2 средни банани со црни пеги по нив, 2 лажици мед.

Подготовка: Најпрвин излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка. Доколку сте во можност направете го тоа со дрвена лажица. Потоа бананата ставете ја во сад со зовриена вода. Оставете ја да отстои околу половина час. Кога смесата ќе се олади, додадете го медот. Важно е медот да го додадете последен, бидејќи, доколку го помешате со зовриената вода, ќе ги загуби лековитите својства.

Примена: 100 мл од овој напиток пијте четири пати дневно. Количината на состојките од овој рецепт е доволна за еден ден. А наутро за наредниот ден направете си нова. Првите резултати ќе ги забележите за три дена.

Што да се јаде пред и после вежбање

Научниците веќе долго време  тврдат дека она што го јадете пред, за време и после вежбањето може да влијае на резултатите од вашиот фитнес. И што е тоа што нутриционистите препорачуваат да јадете? Добрите јаглени хидрати се многу важни пред тренингот, а протеините после вежбање.

Што да се јаде пред вежбање

„Јадете јаглехидрати пред вежбање, но не премногу“, рече Нанси Коен, професор на Катедрата за исхрана на Универзитетот во Масачусетс во Амхерст.

Таа препорача да консумирате од еден до четири грама јаглени хидрати на 2,2 килограми телесна тежина, ако планирате да вежбате повеќе од еден час.

Упатствата за исхрана препорачуваат доколку внесувате 2000 калории на ден, обидете се да консумирате помеѓу 225 и 325 грама јаглени хидрати.

Треба да јадете еден до четири часа пред вежбање. Истражувачите од Универзитетот во Сиднеј сугерираат дека внесот на јаглени хидрати може да ги подобри перформансите на вежби за издржливост.

"Со консумирање на храна  богата со јаглени хидрати со малку маснотии, јаглени хидрати, можете да се осигурате дека имате доволно мускулен гликоген како гориво за вашата физичка активност. Значи, јадете смокви, путер од кикирики, банани, јогурт, тестенини или друга храна со висок јаглерод". рече Коен.

Покрај тоа, доволна количина вода е многу важна.

„Општо, можете да консумирате пет до 10 милилитри вода на килограм телесна тежина, два до четири часа пред вежбање“, рече Коен.

Значи, многу е важно да не вежбате на празен стомак, затоа што ако не јадете, вашето тело ќе биде „измачувано“.

Што да се јаде додека вежбате

Една од најважните работи што треба да направите додека вежбате е хидратација. Ако вежбате 45 минути или помалку, доволно течност ќе биде сè што ви треба.

„За вежби за издржливост од еден до два часа, ќе треба да внесете 30 до 60 грама јаглехидрати на час. На пример, има 25 грама јаглехидрати во едно јаболко со средна големина“, рече Коен.

Соковите, спортските пијалоци, овошјето и другите намирници и пијалоците со висок јаглерод може да бидат од голема помош.

Што да се јаде после вежбање

По тренингот, ќе ви требаат многу протеини, како што се млечни производи, јајца и пилешко месо.

"По долго или многу интензивно вежбање, консумирајте еден до два грама јаглени хидрати на килограм телесна тежина заедно со 15-25 грама протеини. Ова ќе ги надополни резервите на гликоген во вашите мускули", рече Коен.

На пример, едно варено јајце има околу шест грама протеини.

„По полесно вежбање, јадете добро избалансиран оброк, кој вклучува високо квалитетен протеин и јаглени хидрати во рок од два до три часа од завршувањето на тренингот и пијте доволно течност“, додаде Коен.

Ако чувствувате болки во мускулите после вежбање, пијте сокови од лубеница или цреша.

Популарно