Во Скопје на кеј починал човек додека трчал ShareЦрна хроника на 4.2020Утрово човек починал додека трчал на кеј, блиску хотелот „Александар Палас.“ На местото се пристигнати брза помош и полиција на увид, пренесува Сител. Се очекуваат детали во текот на денот. ShareTwitter Коментирај
Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше ПроескиЦрна хроника пред еден месецДенеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска. Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел. Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост. Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.ShareTwitter Коментирај
Почина Панчо од ДНКЦрна хроника пред еден месецПо неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија. По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.ShareTwitter Коментирај
Македонец до смрт претепан во СловенијаЦрна хроника пред еден месецПронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц. Неофицијално лицето било претепано до смрт. „Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. ShareTwitter Коментирај
Напиши Вести Промоција Јована Кртолица во третата епизода на „На каде одиме?“ тим лидер во Allianz Technology и Stakeholders Director во Women in Tech
Напиши Вести Промоција Во втората епизода: „На Каде Одиме?“ Слушнете го Анис Сефиданис и откријте како иновациите ја менуваат иднината