Колку беа силни и опасни земјотресите во Скопје?

По серијата земјотреси кои го погодија Скопје и регионот, по медиумите се појавија различни бројки за тоа колкав бил интензитетот на ударите. Главниот проблем е во тоа по која скала се мерат потресите, а има две. Меркалиева и Рихтерова. Во продолжение е објаснувањето за разликата во скалите.

ScalaRichter

Интензитетот е мерката на ефектот на земјотресот врз луѓето и зградите во специфично место, а мерењето на магнитудата (јачината) се одредува според развиената енергија за време на потресот.

Од неодамна, интензитетот се мери со Европската макросеизмичка скала (ЕМС) што е коригирана Меркалиева скала (МСК). Кога вредноста на интензитетот е поголема од 5, можно е дека земјотресот ги оштетил зградите.

Рихтеровата скала е за мерење на магнитудата. Теоретски таа нема долна и горна граница, но во практика има ограничена вредност и нема потрес кој е поголем од неа. Рихтеровата скала ја утврдува силата, т.е магнитудата на земјотресот. Чарлс Ф. Рихтер, американски сеизмолог ја вовел оваа скала во 1935. Скалата ја мери силата на земјотресот со броеви од 0 до 9. Скалата имаше и други вредности, но за среќа, откако се користи немало посилни земјотреси од 8,9.

Ова се видливите ефекти за секоја магнитуда на земјотресот:

Магнитуда 1-2: земјотресот може да се забележи само со сеизмограф или друг уред. Над 500.000 такви земјотреси се случуваат годишно.

Магнитуда 3-4: земјотресот едвај се чувствува. Лустери се нишаат, може да се случат помали штети. Има од 10.000-100.000 вакви земјотреси годишно.

Магнитуда 5-6: земјотресот многу се чувствува. Предмети паѓаат од полици, ѕидовите пукаат. Има од 20-200 вакви земјотреси годишно.

Магнитуда 7-8: земјотресот предизвикува голема штета. Паѓаат згради и мостови, патиштата се уништени. Вакви земјотреси има отприлика 10.

Меркалиева-Канкани-Сиберг (МКС) скала е скала со 12 степени и се користи во Европа. Покрај описот на настанот (ефектите на зградите од 6-от степен) има и мерливи интервали на забрзување кои се додаваат на секој степен.

Ова е МКС скалата според надворешниот ефекет на земјотресот со следниве степени:

1. Не се чувстува – се бележи само со уреди.

2. Многу слаб – го чувствуваат само некои луѓе во куќите, главно на повисоките катови.

3. Слаб – Мал број од оние кои се внатре ќе го осетат, главно има ист ефект како кога минува возило.

4. Умерен – Ќе го осетат многумина внатре и некои надвор. Ако е ноќе, некои ќе се разбудат. Чиниите, вратите, прозорите се тресат, ѕидовите пукаат, Има сличен ефект како куќа што се тресе поради потешки возила, ги занишува паркираните коли.

5. Прилично силен – скоро секој ќе го осети, многумина ќе се разбудат, прозорите ќе се скршат, ѕидовите ќе напукнат, се нишаат објекти кои висат од таванот, клатното на саатот може да застане, се нишаат дрвја.

6. Силен – Секој го осеќа, многумина се плашат и ќе излезат надвор, еден или повеќе тешки делови од мебелот се мрдаат од место, може да се урнат повеќе оџаци.

7. Многу силен – секој бега од дома во паника, има мали штети на зградите, а поголеми штети на несолидно изградените куќи, многу оџаци се рушат, возачите ќе го осетат при возење.

8. Прилично разорен – четвртина од зградите се многу оштетени, некои паѓаат, не се за живеење, паѓаат оџаци и фабрички оџаци, споменици, статуи. Од земјата излегува матна вода, не може да се вози.

9. Разорен – половина од градбите се тешко оштетени, релативно многу паднале, повеќето не се за живеење. Има пукнатини на земјата, се кинат преносните жици.

10. Многу разорен – тешко се оштетени ¾ од зградите, повеќето паднале, тешко се оштетени и солидно изградените згради, има свлечишта, огромни пукнатини на земјата.

11. Катастрофален – Сите камени куќи паѓаат, паѓаат и мостовите, преносните жици се неупотребливи, патиштата извиткани.

12. Тотално катастрофален – сите човечки структури се уништени, има бранови на површината, некои објекти се исфраат во воздух од земјата.

СИЛАТА НА ЗЕМЈОТРЕСИТЕ

ИНТЕНЗИТЕТ (Меркалиева) / МАГНИТУДА (Рихтерова)

1 = 0,4 (незабележлив)

2 = 1,5 (неупадлив)

3 = 2,5 (некои ќе го осетат)

4 = 3,5 (повеќемина ќе го осетат)

5 = 4,4 (да те разбуди од сон)

6 = 5,2 (страшно, малку штета)

7 = 6,0 (штета на помали згради)

8 = 6,7 (неколку згради паднале)

9 = 7,4 (општа штета на зградите)

10 = 8,0 (главно паднале куќите)

11 = 8,5 (катастрофа)

12 = 9,9 (се менува пејзажот)

Нападната медицинска сестра на скопските од страна на пациент

На 02.04.2020 во 12:10 часот во СВР Скопје, М.М.(23) од Скопје, пријавил дека на 01.04.2020 во 23:00 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на бул.„Мајка Тереза“, додека била на своето работно место како медицинска сестра, била физички нападната.

Нападната била од Д.А.(39) од Штип, кој бил на болничко лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Филипче: Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Козле и официјално престанува со работа

После детектирани неколку позитивни случаи на коронавирус во Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Козле, министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека истиот е затворен, и дека се чекаат резултати од 16 пациенти кои биле пациенти во последните денови.

„Во Козле Институтот за физикална медицина и рехабилитација престанува со работа, не прима пациенти, двајца од дијастогнозираните се на Инфективно, и ги очекуваме резултатите од дополнителните 16 пациенти од кои е земен материјал. Пациентите кои имаат потреба, услугата ќе ја бараат во амбулантскиот дел во болницата 8-ми септември“, рече Филипче.

Филипче: На Клиниката за инфективни болести има 54 пациенти

Имаме две починати лица од Ковид-19 вирусот, вчера во текот на денот доцна вечерта после полноќ маж на возраст од 45 години кој се лекувал на инфективното одделение во Куманово, па во болницата „8-ми септември“ каде е инцијално третиран. Имал влошување на состојбата и доцна вечерта е префрлен на Клиниката за инфективни болести во Скопје, каде ниту реанимацијата не уапсеала.Имал контакт со член на семејството кој бил во странство. И другиот пациент е од Клиниката за инфективни болести, каде се лекувал од 27.  март има 78 години исто така претходни болести за кои примал терапија, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„На клиниката за Инфективни болести се лекуваат 54 пациенти, 4-ца пациенти се критични, а 20 имаат потреба само од кислородна маска, останатите се со лесна клиничка слика без потреба од поддршка за дишењето. Во изминатите 24 часа потврдени 44 нови случаи, направени се вкупно 392 тестирања.  Вкупниот број на потврдени случаи во нашата земја изнесува 329. Вкупниот број на тестови направени во нашата земја од почетокот на пандемијата изнесува 3518 тезтови и ги соопштуваме реазултатите од апсолутно сите.

Во Козле практично водот за рехабилитација не прима повеќе пациенти, престанува со работа, ги чекаме резултатите од 16 пациенти кои се тестирани. Нема да има работна активност, сите на кои ќе им биде потребна медицинска помош да бараат во „8-ми септември“. Разговараме и за моделот со кој може да се забрзаат резултатите и еден дел од мобилните тимови ќе биде посветен токму за земање на анализите од болницата 8. септември, а друг ќе работи преку системот на закажување, пред се за повозрасните граѓани со цел тие да не излегуваат од дома. Веќе е во функција пунктот во Чаир, а од утре се отвора пунктот во Млим Балкан. До крајот на неделава започнуваат со работа останатите пунктови во останатите градови.

Денска ги очекуваме трезултатите за двајца пациенти, за тој од Битола и жената од Лабуниште. Материјали се земени непосредно по смрттта. Веднаш кога ќе бидат готови ќе ги соопштиме на јавноста.Мобилната болница е при крај, веќе утре ќе биде во функција, а целосно до крајот на неделата, но се уште има слободен капацитет на Клиниката за инфективни болести. Во однос на прашањето кое што беше поставено вчера за пациентот кој почина на 31. година во анамнезата и документите на клиниката не стои дека докажал на тоа дека имал претходни заболувања, иако дознавме дека кај специјалистите кај коишто правел анализа укажал дека имал други проблеми“, кажа Филипче.

Популарно