Најлошите особини на хороскопските знаци

Секој хороскопски знак има позитивни и негативни карактеристики. Овој пат се решивме да ви ги презентираме оние негативните

Овен

Сурови, арогантни, себични. Секогаш мораат да бидат шефови и главни во се. И целиот свет да се сврти против нив, тие и понатаму би тврделе дека сите се луди, а само тие паметни и во право.

Бик

Самозадоволни, молчеливи, досадни. Во состојба се да јадат од утро до мрак и да не се поместат од фотелјата која од поодамна го има попримено обликот на нивниот задник.

Близнаци

Можат да озборуваат со часови. Дволични, се менуваат како што ќе дувне ветрот, тешко е да им се верува.

Рак

Посесивни и мазохисти. Некогаш знаат да бидат хистерични ако не им посакате добро утро со вистинска интонација. Го менуваат расположението како што ќе им падне на памет – од депресија до хистерија.

Лав

Арогантни, препотентни. Другите ги гледаат од височина. Во состојба се цел ден да поминат покрај огледало. Полни се со големи идеи и планови кои на крајот им користат само нив, бидејќи , се разбира, не им е гајле за другите.

Девица

Премногу бараат, ситничави, вечно незадоволни и напорни, во состојба се да приговараат по цел ден. Ни премногу веќе не им е доволно. Од стресот се ослободуваат чистејќи го станот, кинескиот порцелан и рачно собирајќи ги трошките од подот.

Вага

Умислени добротвори кои не можат да си помогнат ниту себеси, а камоли на другите. Им треба цела недела да одлучат дали да порачаат кока кола или пепси. Толку се мрзеливи што ниту земјотрес не би ги натерал да излезат од кревет.

Скорпија

Саможиви, перверзни, автодеструктивни. Своите маки не можат да ги поднесат сами, па со себе повлекуваат уште сто луѓе.

Стрелец

Најголеми коцкари и растури куќи. Толку знаат да бидат ентузијасти, што станувањето од мртвите и телепортацијата на Марс за нив е сосема можна. Се ужаснуваат на другите да им признаат кога им е тешко и на сите им солат памет.

Јарец

Вистински садисти и терачи на робови. Зборот „извини“ не постои во нивниот речник, затоа што мислат дека се непогрешливи. Би ја продале и душата за социјален углед и материјална добивка.

Водолија

Вулгарни, непристојни, умници кои секогаш се знаат и го пикаат носот во туѓи работи. Квази филозофи кои с е секогаш полни со совети и планови за другите, но своите не умеат да ги остварат.

Риби

Сакаат да се самосожалуваат. Во состојба се да плачат по цел ден чекајќи некој да дојде и да ги утеши. Кога ќе излезат од депресија, го исполнуваат времето помагајќи и на другите, потоа повторно се депримираат – па така се во круг.

Моден хороскоп за новогодишната ноќ

2025 година ќе биде, како што предвидува астрологијата, под влијание на Дрвената змија, па ќе можете соодветно да ја испланирате вашата облека за дочекот. За новогодишната ноќ ќе можете да ги одберете вистинските бои за вашиот хороскопски знак, а да ги избегнувате оние за кои велат дека можат да ви донесат неуспех.

Еве што не треба да носите за новогодишната ноќ според вашиот хороскопски знак?

Овен

Овенот треба да избегнува темни и тешки бои како црна и кафена. Овие тонови можат да ја „задушат“ вашата енергија и огнена природа.

Препорака: Светли и енергични нијанси како црвена и портокалова, како и метални акценти (златна и сребрена).

Бик

На биковите не им се советува да користат светли и агресивни бои, како што се флуоресцентните нијанси, кои можат да ја иритираат нивната чувствителна природа.

Препорака: Природни земјени тонови како зелена, кафена, беж и пастелни нијанси. Облеката од природни материјали ќе биде идеална.

Близнаци

Близнаците не треба да носат монотони и „веќе видени“ комбинации со кои ја ограничуваат својата имагинација и способност да се изразат.

Препорака: Светли и разновидни нијанси како светлосина, жолта и виолетова, како и принтови и комбинации на бои.

Рак

Ракот треба да избегнува премногу агресивни и светли бои кои можат да предизвикаат стрес.

Препорака: Пастелни тонови, сребрени и бисерни нијанси, заедно со елегантни ткаенини како свила или сатен.

Лав

Боите како темносина и црна се премногу темни и мрачни за Лавот, што го става во втор план.

Препорака: Златна, портокалова, црвена – сè што привлекува внимание и ја истакнува вашата харизма.

Девица

Девицата може да се чувствува непријатно во облека со претерано светли бои и со многу детали кои изгледаат пренатрупано и го нарушуваат хармоничниот изглед.

Препорака: Мирни, неутрални нијанси како сива, беж и маслинеста. Елегантни и едноставни ткаенини.

Вага

На Вагата не и прилегаат агресивните бои, бидејќи ја нарушуваат нејзината рамнотежа, но ниту премногу темните нијанси.

Препорака: Пастелни и хармонични нијанси како розова, светлосина и светло зелена.

Скорпија

За Скорпијата е подобро да избегнува светли бои како жолта или светло розова кои можат да ја „задушат“ нејзината мистична аура.

Препорака: Длабоки и богати бои како црна, бордо, темносина и виолетова. Храбри и елегантни тоалети.

Стрелец

Стрелецот нема да биде опуштен во строги и формални комбинации кои ја ограничуваат неговата слобода и оптимизам.

Препорака: Светли и живи бои како виолетова, сина и црвена, со удобен и лежерен стил.

Јарец

Јарецот треба да се држи подалеку од премногу лесни и проѕирни ткаенини, како и од екстравагантни комбинации.

Препорака: Традиционални и мирни нијанси како темносина, сива и црна, во класичен стил.

Водолија

Водолијата треба да избегнува здодевни и обични комбинации кои не одговараат на нејзиниот уникатен стил.

Препорака: Експериментирајте со необични бои како што се металик нијанси, сина и тиркизна, како и облека со оригинални детали.

Риби

Рибите нема да се чувствуваат добро во светли и агресивни бои кои можат да ја нарушат нивната чувствителност и внатрешен мир.

Препорака: Мирни нијанси како тиркизна, морско сина и лаванда, заедно со меки и лесни ткаенини кои создаваат чувство на леснотија и хармонија.

За новогодишната ноќ изберете комбинација која одговара на вашиот хороскопски знак, но и ќе го истакне вашиот личен стил.

Овие особини ги толкуваме сосема погрешно

Без разлика дали верувате во хороскоп или сте само љубопитни, сигурно веќе ги знаете карактеристиките кои го опишуваат вашиот знак.

Но, многу од тие особини погрешно ги толкуваме, особено во негативен контекст.

Многу од мааните, всушност ви даваат предност во севкупниот впечаток кој го оставате.

Дознајте кои карактеристики на вашиот знак се погрешно толкувани:

ОВЕН

Иако изгледаат како неодлучни, всушност Овните никогаш не се откажуваат, туку само бараат алтернативни начини да го постигнат она што го сакаат. Тоа не е страв и несигурност, туку мудрост.

БИК

Тие се пријатели на кои секогаш можете да се потпрете, но ако забележите отпор, тоа не е поради нивната тврдоглавост, туку поради тоа што се обидуваат да спречат да бидат искористени.

БЛИЗНАЦИ

Како знак кој има две страни, Близнаците изгледаат како нестабилни и непредвидливи. Но, тоа им дава предност да се снајдат во секоја прилика, но и да се прилагодат на новостите.

РАК

Многумина мислат дека Раковите се ладни и рамнодушни, но тие се многу чувствителни. Сепак, не сакаат тоа да го покажат пред другите, дури ни пред оние на кои безрезервно им веруваат.

ЛАВ

Нивниот темперамент ги прави брзи и непредвидливи, но и арогантни и желни за моќ. Но, тие само знаат да размислуваат логички, да анализираат и да направат сосема пресметан чекор.

ДЕВИЦА

Нив е добро да ги имате во своја близина, бидејќи премногу размислуваат и ги гледаат нештата од сите перспективи. Затоа и најмногу ќе ги барате кога ви е потребен издржан совет.

ВАГА

Тие мечтаат за љубовта и за силните емоции, па затоа и лесно може да бидат повредени. Но и во тие ситуации умеат да се прилагодат и да го извлечат најдоброто.

СКОРПИЈА

Тие се способни да прекинат пријателство или врска преку ноќ, особено ако се во прашање неверство и предавство. На тој начин тие се груби со другите, но си прават себеси голема услуга.

СТРЕЛЕЦ

Нивниот слободен дух оддава впечаток дека секогаш им е забавно и дека се задоволни од моменталната ситуација. Но, зад ваквото однесување тие ја кријат тагата и осаменоста.

ЈАРЕЦ

Често ги обвинуваат дека се груби и воздржани. Но, тие само сакаат да размислуваат во мир, без да вклучуваат други луѓе во сопствената драма. Во исто време се и многу економични и аналитични.

ВОДОЛИЈА

Тие тешко одлучуваат, особено ако не се потполно сигурни во издржаноста на идеите. Ако ве одбијат, тоа не го прават од злоба или инает, туку поради својата лична филозофија.

РИБИ

Рибите се чувствителни и интуитивни луѓе, па грешно ги проценуваме како слаби. Но, тие се всушност силни и самодисциплинирани, повеќе од кој и да е друг знак во хороскопот.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, креативноста може да биде клучна. Размислете за нови пристапи за решавање на деловните предизвици. Денеска истражувањето на подлабоките емоционални нивоа со партнерот може да донесе нова блискост. Покажете ја својата ранливост. Внимавајте на дишењето. Кратките медитации ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.

Бик

Финансиското планирање ќе ви помогне да останете стабилни. Размислете за долгорочни стратегии. Во романтичните врски, отворен разговор за очекувањата може да ја подобри вашата врска. Бидете искрени. Размислувањето за позитивни работи придонесува за менталното здравје.

Близнаци

Комуникацијата со колегите може да ви помогне да ги решите предизвиците. Споделувањето на идеи носи напредок. Денеска е ден за различност во љубовното изразување. Покажете ја вашата уникатност. Физичката активност носи енергија. Размислете за промени во вашите секојдневни навики.

Рак

Ракови, организацијата е клучна. Приоритетизацијата помага во ефикасно завршување на задачите. Семејната поврзаност ќе биде нагласена. Посветете им време на саканите и зајакнете ги односите. Внимавајте на исхраната.

Лав

Вашето лидерство ќе дојде до израз. Поставувањето јасни цели ќе го инспирира тимот. Изразувањето страст внесува живост во вашата врска. Покажете му на вашиот партнер колку се грижите. Активноста на отворено ќе ви ја подобри енергијата. Размислете за нови спортски активности.

Девица

Анализата на деталите е важна. Разгледајте ги сите опции пред да донесете одлука. Разговорот за заеднички цели ги зајакнува односите. Правењето планови ќе ја подобри вашата љубовна врска. Одржувањето рамнотежа е клучно. Одморете за да ја одржите вашата ментална рамнотежа.

Вага

Ваги, тимската работа ќе ви донесе успех. Соработката со колегите ја подобрува продуктивноста. Одржувањето рамнотежа помеѓу давање и примање носи хармонија во врската. Размислете за тоа како да ја подобрите исхраната.

Скорпија

Трпението е клучно. Постепеното решавање на предизвиците води до успех. Интензитетот на емоциите може да внесе страст во врската. Изразувањето чувства носи блискост. Внимавајте на емоционалната благосостојба. Разговарајте за вашите чувства со блиските пријатели.

Стрелец

Разновидните пристапи за решавање на проблемите носат успех. Размислете за нови перспективи. Оригиналноста во изразувањето љубов ја прави врската уникатна. Изненадете го партнерот со креативни гестови. Физичката активност на отворено има бројни придобивки. Размислете за пешачење или возење велосипед.

Јарец

Јарци, организацијата и одредувањето приоритети ќе ви помогнат ефикасно да ја завршите работата. Поставувањето заеднички цели со партнерот ќе ви ја зајакне врската. Зборувајте за иднината. Одржувањето на рутината е клучно. Планирајте го денот за да го намалите стресот.

Водолија

Иновациите носат успех. Размислете за нови пристапи кон задачите и проектите. Изразувањето на вашата уникатност во врската носи хармонија. Покажете ја вашата автентичност. Менталната стимулација е важна. Читањето или учењето нешто ново ќе ја зголеми вашата енергија.

Риби

Интуитивниот пристап ќе донесе решавање на проблемите. Верувајте им на вашите инстинкти и следете ги во деловните одлуки. Интуицијата го води патот. Слушајте ги вашите чувства и бидете нежни со партнерот. Внимавајте на емоционалната благосостојба. Размислете за опции како медитација или јога.

Популарно