Се срамел од својата мајка: а кога умрела, добил писмо...

Веќе подолго време низ интернет кружи приказна од непознат автор за синот кој се срамел од својата мајка. Веројатно е фикција, но вреди да се прочита, ако веќе не сте го сториле тоа!

1112-660x300

Имав мајка со едно око. За жал, прилично ја мразев, бидејќи со својот застрашувачки изглед често ме доведуваше во непријатни ситуации.

Работеше како готвачка во училиште за да не прехрани.

Се сеќавам, еден ден, додека бев момче, како таа дојде во моето школо да ме види. Бев шокиран. Како можеше да направи вакво нешто! Длабоко повреден и посрамотен, ја погледнав со огромен презир и ја игнорирав.

Следниот ден еден од учениците ми се обрати со овие зборови: “Леле, мајка ти има само едно око!“ Посакав буквално да умрам, а на мајка ми и бев толку лут што посакав засекогаш да исчезне од мојот живот. Тоа и го направив, следниот ден и реков: “Зошто ме брукаш? Зошто едноставно не умреш?“

Ништо не одговори. Бев толку лут што не бев во состојба да забележам како таа се чувствува. Само сакав, еднаш засекогаш да заминам од таа куќа за да не морам никогаш повеќе да ја гледам.

Бев трудољубив ученик и добив стипендија што ми овозможи образование во друг град. Заминав, завршив факултет, се оженив, купив куќа, добив деца и бев буквално среќен и задоволен од својот живот.

Еден ден, ненајавено, дојде мајка ми, за да ме види мене и внуците. Кога дојде на врата, моите деца почнаа да се смеат.

Бесно и викнав: “Како се осмелуваш да ми ги плашиш децата? Губи се надвор! Не сакам да те видам!“

Смирено одговори: “Прости ми. Изгледа сум ја згрешила адресата…“ И замина…

Еден ден добив покана од старото училиште за да прославиме незнам која годишнина. После состанокот, од чиста љубопитност одлучив да ја ѕирнам мојата стара куќа.

Соседите ми рекоа дека мајка ми умрела. Не бев тажен, не пуштив ни една солза. Воопшто не ме погоди нејзината смрт.

Соседите ми го дадоа писмото што ми го оставила.

“Мил мој сине, често размислував за тебе…Прости ми што ги исплашив твоите деца. Многу бев среќна кога слушнав дека ќе дојдеш на годишнината. Можеби нема да можам да станам од кревет за да те видам. Многу сум болна. Прости ми што толку пати те доведов во незгодна ситуација и што поради мене ти страдаше. Сепак, сакам нешто да знаеш…кога беше ти мал, докторите рекоа дека би можел да останеш без око. Не можев да те оставам така – да растеш со едно око, па ти го дадов моето. Со љубов. Бев среќна и горда што моето сакано дете ќе може да го гледа светот со две очи. Те сакам сине! Мама

Почнува „Ерата на глобално затоплување“

Екстремните летни жештини и загадувањето на воздухот во јужен Ирак јасно покажуваат дека започна „ерата на глобално затоплување“, изјави шефот на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк.

Тој ги даде своите коментари на крајот од четиридневната посета на Ирак за време на која се сретна со локалните лидери и патуваше низ земјата, каде температурите понекогаш достигнуваа и 50 степени Целзиусови. Целта на посетата на Турк беше да се разговара за човековите права со фокус на климатските промени.

„Да се биде во жешкото во овој предел, дишејќи го воздухот загаден од многуте запалени факели распоредени во регионот – ми стана јасно дека ерата на глобално затоплување започна“, рече Турк на прес-конференција во Багдад.

Тој зборуваше за времето поминато во Басра, јужниот дел на Ирак што произведува нафта. Според ОН, Ирак е меѓу земјите најранливи на климатските промени.

Речиси сите емоционално интелигентни деца ги прават овие четири работи

Емоционалната интелигенција е дефинирана како способност за препознавање, разбирање, изразување и управување со сопствените емоции.

Имајќи предвид дека тоа може да биде тешко за возрасните да го постигнат, многу родители се изненадени кога ќе сфатат дека нивните деца се многу способни да развијат емоционална интелигенција и тоа уште од најрана возраст.

Како што објаснува клиничкиот психолог Лиза Фајрстоун, постојат одредени знаци кои јасно укажуваат дека детето е емоционално интелигентно. Еден од нив плачот. Иако звучи необично, детето кое се чувствува безбедно да плаче пред родителите или други луѓе, всушност не се плаши да ги изрази своите емоции, што е еден од главните знаци на емоционалната интелигенција.

Исто така, детето кое е емоционално интелигентно има развиено емпатија, односно способност да сочувствува со другите или да ги препознае нивните чувства. Ако детето е особено пречувствително, може да покаже тага ако види дека другарчето во градинка или училиште е тажно, а често знае и да ги утеши своите врсници кога се чувствуваат лошо, објаснува психологот.

Друг симптом кој често е знак за емоционална интелигенција кај децата е поврзан со нивната отворена врска со нивните родители. Имено, детето кое секогаш зборува за своите проблеми, емоции и работи кои го мачат има развиена емоционална интелигенција, а во исто време е поспособно да се справи со предизвиците што ги носи растењето.

Фајрстоун наведува и дека детето со емоционална интелигенција често покажува високо ниво на љубопитност. Иако секое дете е љубопитно до одреден степен, детето со развиена емоционална интелигенција е отворено и заинтересирано за работите што се случуваат околу него. Исто така, овие деца имаат силна желба за учење, па обично се многу успешни на училиште или имаат многу хоби.

(Фото) Алпинист спаси коза во Крива Паланка

Алпинистот Надир Мурсели спаси коза која не можела да се симне од карпа кај Крива Паланка.

Спасувачката акција траела цели осум часа за што тој вели дека потребно било многу трпение.

-Козата е спасена во Крива Паланка. Сега ја спуштив. Осум часа трпение помеѓу стар алпинист и дива коза. Луѓето од Паланка помогнаа многу, вели Мурсели во објавата.

Популарно